„Никогаш не требаше да се омажам со тебе“ – 8 фрази кои среќните парови никогаш не си ги кажуваат

„Никогаш не требаше да се омажам/оженам со тебе.“ – Оваа фраза е најголем уништувач на бракот. Длабоко ќе го повредите партнерот и таа емоционална штета тешко дека некогаш ќе успеете да ја поправите.

nikogash-ne-trebashe-da-se-omazham-so-tebe-8-frazi-koi-srekjnite-parovi-nikogash-ne-si-gi-kazhuvaat-01.jpg

Во врските и браковите, колку и да се среќни, неизбежно е да има моменти кога во ек на кавга ќе кажете нешто што не треба.

Бесот и непромисленоста се лоши работи и мора да се контролирате, ако не сакате да се каете подоцна.

Фрази кои среќните парови никогаш не си ги кажуваат:

„Порасни!“

Ова е позиција кога од старт претпоставувате дека вие сте во право, а партнерот греши. Со ова му ја слабеете самодовербата и го полните односот со негативна енергија.

„Ова е твоја вина.“

Наместо веднаш да обвинувате, прво истражете и дознајте што навистина се случило. Со бесот и инстантното насочување на прстот кон партнерот ќе го запоставите логичкото размислување за ситуацијата.

nikogash-ne-trebashe-da-se-omazham-so-tebe-8-frazi-koi-srekjnite-parovi-nikogash-ne-si-gi-kazhuvaat-02.jpg

„Патетичен си.“

Ваквите фрази со текот на времето ќе акумулираат болка и горчина во вашиот партнер. Ваквите ниски удари ќе ви ја загорчат врската.

„Никогаш не требаше да се омажам/оженам со тебе.“

Оваа фраза е најголем уништувач на бракот. Длабоко ќе го повредите партнерот и таа емоционална штета тешко дека некогаш ќе успеете да ја поправите.

nikogash-ne-trebashe-da-se-omazham-so-tebe-8-frazi-koi-srekjnite-parovi-nikogash-ne-si-gi-kazhuvaat-03.jpg

„Ти си губитник, но ти си мој губитник.“

Во оваа фраза има тон сарказам и партнерот ќе го чуе само првиот дел од фразата.

„Посакувам никогаш да не те послушав.“

Сите прават грешки и лоши избори и дури и вашиот партнер да ве убедувал за нешто, запомнете дека на крајот од денот вие сепак сте прифатиле.

nikogash-ne-trebashe-da-se-omazham-so-tebe-8-frazi-koi-srekjnite-parovi-nikogash-ne-si-gi-kazhuvaat-04.jpg

„Ист си како мајка ти/татко ти.“

Оваа навреда не го деградира само вашиот партнер, туку и неговите блиски роднини. Покажувате непочит кон нив со ваквото изразување.

„Ако не го направиш тоа, готово е со нас.“

Врската не може да функционира на база на ултиматуми. Тој нема да се чувствува убаво во врската и ќе мисли дека е лесно заменлив во вашите очи. Ова ја ослабува емоционалната поврзаност на долг рок.

Фото: depositphotos.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *