Џеј Зи прободел човек – славни кои ја избегнаа затворската казна поради нивниот социјален статус

Изгледа се исплати да бидете славна и богата личност, особено ако треба да одите во затвор – без разлика дали сте удриле, па дури и застрелале некој, бидејќи славните неретко ги избегнуваат затворските казни – секако, ова го мислиме саркастично.

dzhej-zi-probodel-chovek-slavni-koi-ja-izbegnaa-zatvorskata-kazna-poradi-nivniot-socijalen-status-01.jpg

Само размислете, додека некои луѓе лежат во затвор за најмалите криминални дела и крадење леб, постојат славни и богати кои направиле многу поголемо зло, но уште се на слобода, и тоа само поради нивниот социјален статус.

Погледнете кои славни требало да одат во затвор или да добијат парична казна, но успеаја да се извлечат:

Алек Болдвин

За актерот е добро познат факт дека често има проблеми со темпераментот кога е во јавност.

Пред неколку години, актерот бил фатен како вози велосипед во погрешна лента од сообраќајот, а кога бил застанат од полиција, го покажал неговиот темперамент. Според некои сведоци, актерот изјавил:

„Колку се стари овие полицајци? Не ни знаат кој сум!“

За негова среќа, подоцна судијата знаел кој е Алек, па тој не доби ни парична казна – судијата само му рекол да се однесува добро.

Алек не договарал ниту за загрозувањето на безбедноста на другите во сообраќајот, ниту за недоличното однесување со полицајците.

dzhej-zi-probodel-chovek-slavni-koi-ja-izbegnaa-zatvorskata-kazna-poradi-nivniot-socijalen-status-02.jpg

Крис Браун

Во 2013-та, познатиот пејач и неговиот телохранител поминале 36 часа во затворска ќелија откако биле обвинети за физички напад.

Но, кога дошло време за судење, обвинението било променето, па и двајцата биле пуштени на слобода. Пејачот единствено добил наредба да се држи подалеку од човекот што го нападнал.

Сето ова се случуваше додека Крис сè уште беше на условно поради нападот на неговата поранешна девојка Ријана.

dzhej-zi-probodel-chovek-slavni-koi-ja-izbegnaa-zatvorskata-kazna-poradi-nivniot-socijalen-status-03.jpg

Парис Хилтон

Богатата наследничка успеа да избегне 45-дневна казна затвор. Парис веќе била на условно кога била фатена како вози во алкохолизирана состојба.

Тогаш судијата одлучил дека поради прекршокот, треба да помине 45 дена во затвор. Но, само неколку денови после пресудата, Парис била ослободена и ѝ било дозволено да ја отслужи казната во удобноста на нејзиниот дом.

Според еден од нејзините адвокати: „Се извлече поради тоа што е славна“.

dzhej-zi-probodel-chovek-slavni-koi-ja-izbegnaa-zatvorskata-kazna-poradi-nivniot-socijalen-status-04.jpg

Клои Кардашијан

Во 2008-ма, после прекршување на условната казна за возење во алкохолизирана состојба, Клои требаше да помине 30 дена во затвор.

Но, таа билa во ќелијата нешто повеќе од 3 часа. Наводно, Клои била пуштена бидејќи затворот бил преполн и немало место за неа.

Клои, пак, изјави дека била пуштена бидејќи имало закана за бомба:

„Ме ставија во самица и чуварот дојде и ми рече ’Предизвикуваш многу проблеми. Има секакви закани за бомби и мислиме дека се поради тебе‘“.

dzhej-zi-probodel-chovek-slavni-koi-ja-izbegnaa-zatvorskata-kazna-poradi-nivniot-socijalen-status-05.jpg

Џеј Зи

Пред речиси 2 децении, Џеј Зи прободе продуцент со нож и, како што претпоставувате, не одговараше за тоа.

На една забава, раперот почнал да се расправа со продуцентот Ланс Ривера и набрзо потоа го прободел двапати со нож. За ова, Џеј Зи си доби само 3 години условна казна.

Наводно, раперот му платил 600.000 долари на Ланс Ривера, па тој не сакал да сведочи против него. Ако му се судеше правилно, Џеј Зи можел да добие и до 15 години затвор.

dzhej-zi-probodel-chovek-slavni-koi-ja-izbegnaa-zatvorskata-kazna-poradi-nivniot-socijalen-status-06.jpg

Џастин Бибер

Иако младиот пејач му предизвикувал огромна материјална штета на неговиот сосед, тој ја избегна казната.

Во 2014-та, пејачот се согласил да оди на психијатар за да се справи со гневот, а добил и 2 години условна казна. Пејачот поминал 5 дена вршејќи општокорисна работа, а на соседот му исплатил 80.000 долари. 

Џастин избегна казна затвор и кога учествуваше во нелегална трка со автомобили во Флорида. Полицијата го има фатено и како вози под дејство на наркотици, но и со истечена возачка.

Нормално, секојпат, тој поминувал неказнето или со минимална казна.

dzhej-zi-probodel-chovek-slavni-koi-ja-izbegnaa-zatvorskata-kazna-poradi-nivniot-socijalen-status-07.jpg

Шон Комбс

Шон, или попознат како Пи Диди, испукал од пиштол во ноќен клуб во 1999-та.

Раперот случајно се удрил во некој и му ја истурил пијачката. Веднаш почнала караница и тогаш неговиот пријател извадил пиштол и почнал да пука, а притоа застрелал тројца луѓе. И Шон го извадил пиштолот и испукал и ако му се судело правилно, би требало да се соочува со 15 години затворска казна.

Пријателот на Шон си добил 9 години затвор, но раперот бил ослободен од сите обвиненија. Повредените во клубот покренале милионска тужба против Шон и неговиот пријател и добиле добра сума пари – една од жените кои биле застрелани добила 1,8 милиони долари.

dzhej-zi-probodel-chovek-slavni-koi-ja-izbegnaa-zatvorskata-kazna-poradi-nivniot-socijalen-status-08.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *