„Зошто Црногорците доаѓаат во Македонија? Слушнале дека нема работа“ – најдобрите вицеви за Црногорците

Еден од најпрепознатливите стереотипи за Црногорците е нивната мрзеливост. Колку е оправдан не можеме да знаеме со сигурност, но истиот сепак послужил за смислување на многу вицеви на нивна сметка.

Najdobrite-vicevi-za-Crnogorcite-01.jpg

Сепак, хуморот нè одржува здрави и долговечни, па време е малку да се насмееме, макар и на туѓа сметка:

Црногорец ѝ вели на девојката: Го гледаш овој цвет онаму?

Девојката: го гледам.

– Епа оди и набери го, за тебе е.

Го прашуваат Црногорецот која е најтешката работа којашто ја работел.
Тој одговорил: Чувар на гробишта. Сите лежат, јас морам да стојам.

Што им кажал Исус последно на Црногорците?
– Не правете ништо додека не се вратам.

Колку изнесува рекордот на Црногорец на 100 метри? – 68 метри.

Зошто Црногорците доаѓаат во Македонија? – Затоа што слушнале дека нема работа.

Оди Црногорец на пазар и прашува колку пари се пиперките? – 2 евра, на што тој одговара: Да не се можеби полнети?

Како настанал земјотресот? Црногорецот се фатил за лопатата и земјата почнала да се смее.

Каде ги крие парите жената на Црногорец? Под лопатата.

Како Црногорците прават пат? Ќе изградат 5 метри и ќе постават знак „итн.“.

Како Црногорците перат автомобил? Едниот го држи сунѓерот, а другиот го вози автомобилот напред-назад.

Го прашуваат Црногорецот во што сака да се реинкарнира? – Во змија, ем лежиш, ем се движиш.

Влегува Црногорец во кафуле и здогледува згодна русокоса.
– Девојко, што пиеш?
– Кока кола.
– Па каде ти е?

Влегува Црногорец во полициска станица и вели: добро вечер господине, слушам луѓето зборуваат за некаков си лежечки полицаец, па јас дојдов да се пријавам за работата.

Влегува Црногорец во спалната соба и ја начекува сопругата со друг маж. „Види види, будали луѓе, ја работат туѓата работа“.

Двајца Црногорци ограбиле банка. Едниот му вели на другиот: Ќе ги броиме парите или ќе чекаме да кажат на вести колку сме украле?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *