Неверојатни жени кои се обидуваат да го направат светот подобро место за живеење

Во поголемиот дел од историјата, гласот на жените бил нечуен. Тие речиси и да немале права и не можеле ни да помислат да ги следат своите соништа и желби.

neverojatni-zheni-koi-se-obiduvaat-da-go-napravat-svetot-podobro-mesto-za-zhiveenje-01.jpg

Денес, за среќа, ситуацијата е подобра, но сè уште треба да направиме многу за да ја почувствуваме вистинската еднаквост. На голем број жени им е јасно ова, а дел од нив решиле да не седат така и да ги преземат нештата во свои раце.

Овие моќни жени се борат за еднакви права, но и се залагаат за другите проблеми со кои е соочено човештвото.

Погледнете кои се најинспиративните жени кои се обидуваат да го променат светот:

Грета Тунберг

Со нејзините 17 години, Грета сè уште е многу млада девојка, но веќе постигна многу, па дури беше номинирана и за Нобелова награда. Грета беше прогласена и за личност на годината во 2019-та од страна на TIME.

Младата активистка ја започна нејзината борба во 2018-та, кога почна да протестира пред шведскиот парламент за климатските промени. Нејзиниот подвиг стана инспирација за многу млади, па протестите против климатските промени се одржуваа ширум целиот свет.

neverojatni-zheni-koi-se-obiduvaat-da-go-napravat-svetot-podobro-mesto-za-zhiveenje-02.jpg

Малала Јусафзаи

Малала од Пакистан има само една желба – и жените да имаат ист пристап до образование како и мажите. Нејзиниот татко водел женско училиште во селото на Малала, но Талибанците сметале дека жените не заслужуваат образование, па училиштето беше затворено.

Во 2012-та Малала беше и застрелана, но за среќа повредата не беше фатална.

Младата девојка основа непрофитна организација која им помага на девојчињата да се едуцираат, а во 2014-та освои Нобелова награда за мир за нејзиниот труд.

neverojatni-zheni-koi-se-obiduvaat-da-go-napravat-svetot-podobro-mesto-za-zhiveenje-03.jpg

Меган Рапино

35-годишната Меган е позната фудбалерка од САД, но таа има направено многу повеќе од играње фудбал.

Меган сфатила со колкава дискриминација се соочуваат жените во спортот, па решила да направи нешто во врска со тоа. Жените спортисти неретко се платени многу помалку од мажите, а поради тоа Меган реши да ја суди Фудбалската федерација на САД.

„Не прифаќајте ништо помалку, барајте еднаквост, барајте повеќе и не прифаќајте глупави изговори“, изјави таа за нејзината борба.

neverojatni-zheni-koi-se-obiduvaat-da-go-napravat-svetot-podobro-mesto-za-zhiveenje-04.jpg

Симон Бајлс

23-годишната Симон е гимнастичарка која има освоено повеќе златни медали од која било друга жена во нејзината област. 

Во детството, Симон била дијагностицирана со нарушување на вниманието и концентрацијата. Сакајќи да ги инспирира сите кои се соочуваат со овој проблем, таа отворено зборува за нејзиното нарушување и се залага за оние кои се како неа.

neverojatni-zheni-koi-se-obiduvaat-da-go-napravat-svetot-podobro-mesto-za-zhiveenje-05.jpg

Мелинда Гејтс

Можеби ја знаете Мелинда само како сопруга на Бил Гејтс, но и таа е жена што сигурно ќе ве инспирира.

Преку фондацијата што ја основаа со Бил, Мелинда се бори за еднаквоста на правата на жените и се обидува да им помогне на најсиромашните. Истовремено, таа сака да ја зголеми моќта на жените во технолошкиот сектор.

„Какво страдање и да видиме, без разлика колку е лошо, можеме да им помогнеме на луѓето, ако не изгубиме надеж и ако не го тргнеме погледот“, има изјавено таа.

neverojatni-zheni-koi-se-obiduvaat-da-go-napravat-svetot-podobro-mesto-za-zhiveenje-06.jpg

Рут Бадер Гинзбург

Рут беше американски правник и адвокат и жестоко се бореше за еднаквоста на жените. Таа е втората жена која успеала да стане судијка во Врховниот суд на САД, а се залагаше и за легализација на абортусот – Рут веруваше дека владата не треба да одлучува што ќе прават жените со нивното тело.

Минатата година таа ја доби наградата Berggruen за филозофија и култура, а паричната добивка од 1 милион долари ја донирала во непрофитна организација. Таа почина во септември 2020.

neverojatni-zheni-koi-se-obiduvaat-da-go-napravat-svetot-podobro-mesto-za-zhiveenje-07.jpg

Халима Аден

Халима е модел и активист и беше првата натпреварувачка во Miss Minnesota која се појави со хиџаб. Истовремено, 22-годишната Халима е и првата жена која се појави со хиџаб во магазинот Sports Illustrated.

Халима сака да му покаже на светот дека нејзиниот хиџаб не ја менува како личност и тоа треба да го сфатат сите жени како неа.

„Важно ми е да бидам видена и да направам сè што можам за да им покажам на девојките дека не треба да се менуваат. Сакам да знаат дека светот ќе ги прифати такви какви што се“, има изјавено таа.

neverojatni-zheni-koi-se-obiduvaat-da-go-napravat-svetot-podobro-mesto-za-zhiveenje-08.jpg

Д-р Амани Балур

Ако не сте слушнале а Амани, тогаш погледнете го документарецот The Cave. Овде ќе дознаете за нејзините храбри подвизи во Сирија – таа водела подземна болница и спасила многу животи.

Во едно интервју таа изјави дека мажите од нејзината држава постојано ѝ велеле дека треба или да седи дома, или да работи во нејзината клиника, но дека не можела да биде менаџер на болница.

„Сакам да им докажам дека жената може да го прави ова. Ја имам поддршка на сите жени бидејќи ако јас успеам, и тие ќе бидат поддржани. Ова ќе им покаже на мажите дека жените можат да успеат и ќе го направат тоа“.

neverojatni-zheni-koi-se-obiduvaat-da-go-napravat-svetot-podobro-mesto-za-zhiveenje-09.jpg

Шерил Сандберг

Шерил работи за Facebook и таа сака ги инспирира жените од нејзината област, но и да им помогне да ги остварат нивните соништа.

Таа го започна движењето Lean In, чија цел е да создаде свет каде што луѓето, без разлика на полот, можат да ги следат нивните соништа. Шерил и редовно донира пари, а според некои пресметки, веќе има донирано над 250 милиони долари во разни организации.

neverojatni-zheni-koi-se-obiduvaat-da-go-napravat-svetot-podobro-mesto-za-zhiveenje-10.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *