Светот од нова перспектива – најдобрите фотографии направени со дрон за 2020-та

Благодарение на дроновите, фотографите имаат можност да ја покажат нивната креативност како никогаш досега и да ни го прикажат светот од сосем нова перспектива.

svetot-od-nova-perspektiva-najdobrite-fotografii-napraveni-so-dron-za-ovaa-godina-01.jpg

Дури и местата што ги гледаме секојдневно изгледаат како од друг свет кога се фотографирани од птичја перспектива.

Натпреварот Drone Photo Awards, пак, им дава можност на фотографите да покажат како тие го гледаат светот со помош на нивните дронови.

Неодамна беа објавени победниците од овогодишниот натпревар, а кога ќе ги погледнете фотографиите на учесниците, и самите ќе сфатите дека жирито имало навистина тешка работа.

Главната награда му припадна на австралискиот фотограф Џим Пикот, за делото Love Heart of Nature. На фотографијата се гледа ајкула среде јато риби, кое има форма на срце.

svetot-od-nova-perspektiva-najdobrite-fotografii-napraveni-so-dron-za-ovaa-godina-02.jpg

Фотографите се натпреваруваа во неколку категории, вклучувајќи ја и Life Under Covid-19 (животот со ковид-19), а делата на победниците од секоја категорија ќе бидат изложени во еден од најстарите научни музеи во Италија – Siena’s Accademia dei Fisiocritici.

Целата листа на победнички фотографии и имињата на фотографите можете да ги најдете ОВДЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *