Предупредувачки знаци дека сте во врска со погрешна личност

Ако се сомневате дека оваа врска не ве прави среќни и оваа личност не е вистинската за вас, постојат неколку знаци што ќе ви го потврдат тоа.

predupreduvachki-znaci-deka-ste-vo-vrska-so-pogreshna-lichnost-01.jpg

Луѓето остануваат во лоши врски од безброј причини – на некои им е страв да бидат сами, некои се надеваат дека нештата ќе станат подобри, а некои не ни забележуваат колку им штети врската.

Ако сте во лоша врска, не значи дека и вашиот партнер е лоша личност, туку, едноставно, вие двајцата не си одговарате како пар.

Погледнете кои се знаците дека сте со погрешна личност:

Постојано се расправате

Што и да направи партнерот, вам ви пречи, па многу лесно почнувате караници. Гневот и викањето ви станале секојдневие.

Можете да не зборувате со денови и да бидете во ред

Понекогаш дури ви се чини дека тишината е многу подобра. Кога не сте заедно, речиси и да не комуницирате, но и кога сте заедно, разговорот е сведен на минимум.

Мечтаете да запознаете други луѓе

Штом си замислувате како сте запознале некоја интересна личност што ве привлекува, тогаш дефинитивно сте во врска со погрешна личност.

predupreduvachki-znaci-deka-ste-vo-vrska-so-pogreshna-lichnost-02.jpg

Замислувате како би изгледало раскинувањето

Исто така, ако си замислувате како би било да раскинете и да бидете сингл, најверојатно треба да ѝ ставите крај на врската.

Не сакате да излегувате со партнерот во јавност

Веројатно, и кога ќе излезете заедно не е држите за рака и не си покажувате никакви знаци на внимание. Можеби не сакате другите да знаат дека сте во врска.

Луѓето не ни знаат дека имате партнер

Ако сте во сериозна врска, нормално е семејството, пријателите, колегите и луѓето околу вас да знаат за неа. Но, ако настојувате да го криете партнерот од овие луѓе, можеби не треба да бидете заедно.

Постојано се прашувате дали тој е вистинскиот

Веројатно нешто ви кажува дека оваа личност не е за вас, па постојано се прашувате дали треба да ѝ ставите крај на врската.

Не можете ни да си замислите заеднички живот

Сфаќате дека не ни помислувате на венчавка или заеднички живот. Штом не гледате никаква иднина со партнерот, нешто сигурно не е во ред.

Имате чувство дека е време да ставите крај

Многупати се покажало дека нашите инстинкти не нè лажат, па можеби треба да ги послушате вашите. Ако имате чувство дека нешто не е во ред, размислете која е причината за тоа.

predupreduvachki-znaci-deka-ste-vo-vrska-so-pogreshna-lichnost-04.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *