5 состојки и без печење – колаче со Нутела кое се топи во устата и создава зависност

Елоиз Хед е креаторот на овој вкусен, сладок рецепт. За нејзините браунис со Нутела воопшто нема потреба да ја вклучувате рерната. Сè што ви треба се само 5 состојки и силен апетит за нешто слатко.

Kolace-so-Nutela-bez-pechenje-01.jpg

Потребни состојки:

  • 90 g бисквити
  • 250 g шеќер во прав
  • 120 g путер
  • 200 g бело чоколадо
  • 300 g Нутела

Начин на подготовка:

  • Сомелете ги бисквитите во блендер. Додадете го шеќерот во прав и стопениот путер и измешајте ја смесата.
  • Додадете ја Нутелата и промешајте. Смесата натапкајте ја во мал сад кој сте го обложиле со хартија за печење.
  • Стопете го белото чоколадо и истурете во врз првата смеса, распоредувајќи го рамномерно со шпатула или нож. Потоа додадете уште малку Нутела за декорација.
  • Ставете го колачето во фрижидерот најмалку 1 час и послужете.

За полесна подготовка, погледнете го видео рецептот на Елоиз:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *