8 знаци дека сексуалниот живот во вашата врска е „мртов“

Грешка број 1 во врските: Иницијатор на секс секогаш е само едниот партнер.

8-znaci-deka-seksualniot-zhivot-vo-vashata-vrska-e-mrtov-01.jpg

Сексуалниот живот е динамична работа и изгледа различно во различни периоди од животот.

Невозможно е постојано да биде одличен, но сепак кога работите не одат на добро треба да се пронајде изворот на проблемот и да се реши.

Сигнали дека сексуалниот живот во вашата врска е „мртов“:

Иницијатор на секс секогаш е само едниот партнер

Сексологот Џес О’Рајли вели дека луѓето се несреќни кога нивниот партнер не покажува иницијатива за секс. Aко е ваква ситуацијата, мора да разговарате со својот партнер.

8-znaci-deka-seksualniot-zhivot-vo-vashata-vrska-e-mrtov-09.jpg

Не сте мастурбирале многу одамна

Мастурбирањето е добро, со негова помош го запознавате своето тело и си пронаоѓате нови извори на задоволство.

8-znaci-deka-seksualniot-zhivot-vo-vashata-vrska-e-mrtov-08.jpg

Не зборувате за својот сексуален живот

Многу парови имаат ваква бариера, а мора да се зборува отворено затоа што добриот секс се крие во тоа заеднички да го пронајдете идеалниот рецепт за задоволство.

8-znaci-deka-seksualniot-zhivot-vo-vashata-vrska-e-mrtov-05.jpg

Секогаш ја правите истата работа

Ако можете во детали да го предвидите вашиот сексуален чин, тогаш дефинтивно не сте на вистинскиот пат. Правете нешто непредвидливо и задоволството ќе биде многу поголемо кога „наградата“ е нешто неочекувано.

8-znaci-deka-seksualniot-zhivot-vo-vashata-vrska-e-mrtov-03.jpg

Се согласувате да имате секс дури и кога не сте расположени за тоа

Секс од сожалување – па, што може да биде полошо? Сексот треба да биде радост за двајцата.

8-znaci-deka-seksualniot-zhivot-vo-vashata-vrska-e-mrtov-06.jpg

Едниот од вас апсолутно не се грижи за оргазмот на другиот

Само мал процент од жените можат да доживеат оргазам само од вагинална пенетрација, па така партнерот мора да се грижи да го достигнете врвот, а исто така и вие за него.

8-znaci-deka-seksualniot-zhivot-vo-vashata-vrska-e-mrtov-02.jpg

Никогаш не се прегрнувате после секс

Ова вродува незадоволство и влијае негативно на квалитетот на сексуалниот живот.

8-znaci-deka-seksualniot-zhivot-vo-vashata-vrska-e-mrtov-07.jpg

Чувствувате болка за време на секс

Ако ова ви се случува постојано, консултирајте се со доктор. Важно е да го откриете проблемот и да го решите.

8-znaci-deka-seksualniot-zhivot-vo-vashata-vrska-e-mrtov-04.jpg

 Фото: depositphotos.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *