За љубителите на мексиканскиот пијалак – ноќевање во буре за текила среде поле со агаве (фото)

Ако сте се запрашале како изгледа спиењето во буре за текила, хотелот Matices Hotel de Barricas ви го нуди токму тоа.

za-najgolemite-ljubiteli-na-meksikanskiot-pijalak-prenokjete-vo-bure-za-tekila-srede-pole-so-agava-foto-01.jpg

Еден хотел во Мексико е одлично место за љубителите на популарниот мексикански пијалак. Хотелот не само што е сместен во близина на дестилерија, туку и секоја соба е направена во форма на огромно буре. Хотелот се наоѓа веднаш до мексиканскиот град Текила, а собите, односно бурињата се поставени среде полиња со агаве – растението што се користи за правење текила.

za-najgolemite-ljubiteli-na-meksikanskiot-pijalak-prenokjete-vo-bure-za-tekila-srede-pole-so-agava-foto-02.jpg

Покрај уникатните соби и неверојатниот пејзаж, овде можете да уживате и во подземната таверна, но и да го користите џакузито кое е сместено во полето со агаве растенија. Се разбира, за најголемите љубители на пијалакот, хотелот нуди и дегустирање на текила.

za-najgolemite-ljubiteli-na-meksikanskiot-pijalak-prenokjete-vo-bure-za-tekila-srede-pole-so-agava-foto-03.jpg

Хотелот има опремено 30 буриња, односно соби, во кој можат да се сместат 2-4 луѓе. Цените за ноќевање се од 150 до 184 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *