Истетовиран јазик и очни јаболка: Француски учител нема дел од телото без тетоважа (фото)

Го нарекуваат човек змија, а поради изгледот изгубил дури и работно место, но не се откажува од тетовирањето. Открива дека најболно искуство му било тетовирањето на јазикот.

istetoviran-jazik-i-ochni-jabolka-francuski-uchitel-nema-del-od-teloto-bez-tetovazha-foto-01.jpg

Силвен Хелејн e 35-годишен учител од Франција, кој нема дел од телото кој не му е допрен со игла за тетовирање.

Силвен е најистетовираниот човек во Франција, а се осмелил да го истетовира дури и јазикот и очните јаболка. За да си ги истетовира очите отпатувал дури во Швајцарија, затоа што тоа било забрането во Франција.

istetoviran-jazik-i-ochni-jabolka-francuski-uchitel-nema-del-od-teloto-bez-tetovazha-foto-02.jpg

Вели дека му ги држеле очите отворени и чувствувал како иглата навлегува во неговата белка.

Го нарекуваат „Господин Змија“ и вели дека без своите тетоважи би се чувствувал нецелосен. Потрошил 57.000 евра на тетовирање во последните 8 години.

istetoviran-jazik-i-ochni-jabolka-francuski-uchitel-nema-del-od-teloto-bez-tetovazha-foto-03.jpg

Силвен открива дека најболно искуство му било тетовирањето на јазикот, болката била неподнослива и имал огромен оток. Не можел да зборува и се лигавел, јазикот му бил 3 пати поголем од обично. Не можел да пие 20 часа, а му биле потребни дури 2 дена за да може да почне да јаде.

На Инстаграм е потпишан како „Freaky Hoody“.

istetoviran-jazik-i-ochni-jabolka-francuski-uchitel-nema-del-od-teloto-bez-tetovazha-foto-04.jpg
istetoviran-jazik-i-ochni-jabolka-francuski-uchitel-nema-del-od-teloto-bez-tetovazha-foto-12.jpg
istetoviran-jazik-i-ochni-jabolka-francuski-uchitel-nema-del-od-teloto-bez-tetovazha-foto-11.jpg
istetoviran-jazik-i-ochni-jabolka-francuski-uchitel-nema-del-od-teloto-bez-tetovazha-foto-10.jpg
istetoviran-jazik-i-ochni-jabolka-francuski-uchitel-nema-del-od-teloto-bez-tetovazha-foto-08.jpg
istetoviran-jazik-i-ochni-jabolka-francuski-uchitel-nema-del-od-teloto-bez-tetovazha-foto-07.jpg
istetoviran-jazik-i-ochni-jabolka-francuski-uchitel-nema-del-od-teloto-bez-tetovazha-foto-06.jpg
istetoviran-jazik-i-ochni-jabolka-francuski-uchitel-nema-del-od-teloto-bez-tetovazha-foto-05.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *