На 15 години била киднапирана од сериски убиец, сега е мотивациски говорник (видео)

18 часа била држена во заробеништво и сексуално злоупотребувана, но сега ја споделува својата приказна за да им помогне на другите.

na-15-godini-bila-kidnapirana-od-seriski-ubiec-sega-e-motivaciski-govornik-video-01.jpg

Кара Робинсон Чемберлејн во 2002 година била на гости во домот кај своја пријателка во Јужна Каролина, САД, кога еден маж со автомобилот се приближил до неа на пристапната патека во дворот. Додека нејзината пријателка се туширала, тогаш 15-годишната Кара отишла да разговара со него.

Ричард Евонитц ја намамил такашто ѝ покажал некоја брошура за да се приближи до него и тогаш извадил пиштол.

Потоа ја врзал и ја ставил во гепекот од автомобилот.

Ричард, кој испаднало дека е сериски убиец, ја одвел Кара во неговиот дом каде ја држел 18 часа и сексуално ја злоставувал.

na-15-godini-bila-kidnapirana-od-seriski-ubiec-sega-e-motivaciski-govornik-video-02.jpg

Во тој период Кара го набљудувала внимателно и му поставувала многу прашања за да може да разбере и да запомни кој е тој.

Додека спиел, успеала да избега од неговата куќа и на патот побарала помош од случајни минувачи.

По бегството, Кара од ФБИ дознала дека Ричард е сериски убиец и дека убил 3 млади девојки, пред да ја нападне неа.

По овој грозоморен настан, таа се фокусирала на студирање право и соработувала со жртви на слични напади.

Сега има две деца и работи како мотивациски говорник, а на својот TikTok профил отворено говори за тоа низ што минала и им дава совети на девојките како да се спасат во случај на вакви несакани ситуации.

Кара вели дека имала среќа што лисиците ѝ биле многу големи на нејзините зглобови и успеала со лизгање да ги извлече рацете.

Плус, советува дека е добро секогаш да чекате момент кога напаѓачот спие или не внимава, пред да се обидете да избегате.

Дел од видеата на Кара:

@kararobinsonchamberlain

Reply to @bleugreenredd SSDGM friends.

♬ original sound – Kara Chamberlain

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *