„Ништо не боли повеќе од страдање за детето“ – 10 месеци откако „привремено“ ѝ го одземаа синот на Северина

„Верувајте, понекогаш и најсилното срце тешко издржува да продолжи да чука. И секое отчукување остава силна рана. И така 10 месеци.“ – Северина објави видео со синот и емотивна порака по повод денот кога поминаа 10 месеци откако ѝ го одземаа неправедно синот.

10-meseci-otkako-privremeno-i-go-odzemaa-sinot-na-severina-nishto-ne-boli-povekje-od-stradanje-za-deteto-01.jpg

На Северина ѝ беше одземано старателсвото над нејзиниот син Александар по неправедната одлука на судот на барање на неговиот татко Милан, а таа не престанува да споделува искрено какви се нејзините чувства.

Денес поминаа 10 месеци откако го изгуби старателството над него, а по тој повод објави видео додека плови по море со синчето, а во позадина свири „My Heart Will Go On“ и напиша:

Ништо не боли повеќе од страдањето за детето. Така сакаше природата. И ни даде сила. Да се бориме, да издржиме. И ќе се борам. Во таа агонија, она што најжешко пече како непрекината горушница во стомакот, е неправдата, бидејќи како никој да не ја слуша и гледа.

Верувајте, понекогаш и најсилното срце тешко издржува да продолжи да чука. И секое отчукување остава силна рана. И така 10 месеци. Денес е денот кога срцето застанува. Полни 10 месеци од „привремената“ мерка со која ми е одземено детето.

Таа „привремена“ мерка одреди детето кај мене да преспива двапати месечно. Да го гледам 10 часа во текот на работната недела и секој втор викенд кој почнува во сабота во 10 часот. И така 10 месеци. „Привремено“.

Чувството е како кога вашето најсилно врескање не е слушнато од никој. Или никој не сака да го слушне…“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *