Што ќе се случи ако пиете премногу вода со лимон?

Пиењето вода со лимон има многу придобивки, но како со сè друго, и во овој случај важно е да бидете умерени. Во спротивно, ќе се соочите со неколку несакани ефекти.

shto-kje-se-sluchi-ako-piete-premnogu-voda-so-limon-01.jpg

За водата со лимон се верува дека е одлична за хидратација, дека ја поттикнува дигестијата, па дури и дека помага во слабеењето.

За да ги почувствувате придобивките, доволно е наутро да испиете една чаша топла вода со сок од половина лимон.

Според експертите, во текот на денот не би требало да пиете повеќе од 2 цедени лимони, бидејќи можат да се појават некои од следниве несакани ефекти:

Оштетување на забите

Лимонот е кисело овошје, а оваа киселина може да го оштети емајлот на забите. Една или две чаши вода со лимон не треба да претставуваат проблем, но ако пиете поголемо количество, ги изложувате забите на повеќе киселина.

shto-kje-se-sluchi-ako-piete-premnogu-voda-so-limon-02.jpg

Лимонот може да предизвика проблеми со стомакот

Иако водата со лимон е добра за дигестијата, ако претерате, ќе си направите проблем.

Ако веќе страдате од киселини, прекумерното пиење вода со лимон може да ги влоши симптомите, а може да предизвика и гадење и повраќање.

shto-kje-se-sluchi-ako-piete-premnogu-voda-so-limon-03.jpg

Кората на лимонот има многу бактерии

Ова можеби не е поврзано со количината, но е нешто што треба да го имате предвид секогаш кога пиете вода со лимон.

Ако сте во ресторан, подобро немојте да ставате цело парче лимон со кора во чашата. Во истражување од 2007-ма, биле тестирани 76 примероци лимон од 20-тина ресторани. Во поголемиот број случаи, кората од лимонот имала многу бактерии, вклучувајќи ги и оние кои можат да предизвикаат здравствени проблеми.

За да го избегнете ова, не го ставајте парчето лимон во чашата, туку само исцедете го сокот.

shto-kje-se-sluchi-ako-piete-premnogu-voda-so-limon-04.jpg

Киселината од лимонот ги влошува афтите

Според американското здружение на заболекари, пиењето многу вода со лимон може да ги влоши афтите. И овојпат причината е киселината во лимонот.

Истовремено, во некои случаи, претераното консумирање цитрусни овошки може да биде и причина за појава на афти. Добра практика е да испиете и само чаша вода за плакнење на устата по консумација на лимон.

shto-kje-se-sluchi-ako-piete-premnogu-voda-so-limon-05.jpg

Можеби постои поврзаност помеѓу мигрените и цитрусното овошје

Потребно е уште да се истражува на оваа тема, но некои истражувања нашле поврзаност помеѓу мигрените и претераното консумирање цитрусно овошје.

Кога станува збор за лимонот, се верува дека причината е поголемото количество тирамин – природна состојка која често е поврзувана со главоболки.

shto-kje-se-sluchi-ako-piete-premnogu-voda-so-limon-06.jpg

Напомена: Ова не значи дека водата со лимон е штетна. Напротив, од неа има многу придобивки, но само ако сте умерени. Горенаведените последици настануваат само при претерано и зголемено количество на консумација.

Ако сепак сте несигурни дали да продолжите да пиете вода со лимон, или дали воопшто да почнете, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *