Ролат од суво овошје, без печење, кој одлично оди после шолја кафе

Ви се јаде нешто слатко, но не ви се прават торти и филови? Испробајте го овој сладок есенски ролат кој не се пече.

rolat-od-suvo-ovosje-bez-pecenje-koj-odlicno-odi-posle-sholja-kafe-001.jpg

Вкусот е богат, подготовката е брза и совршено одговара со шолја топло кафе.

Потребни состојки:

  • 250g суви смокви
  • 250g суви сливи
  • 150g ореви
  • 50g чисти овесни снегулки
  • 1 портокал со кора
  • ½ лажичка цимет
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

  • Сувите смокви и сливи потопете ги во топла вода барем 30 минути да омекнат.
  • Во блендер помешајте ги овесните снегулки и половина од оревите додека добиете фин прав. Преостанатите ореви исечкајте ги со нож на ситни парченца.
  • Процедете го овошјето, па во блендер направете смеса од омекнатите суви смокви и сливи. Потоа додадете го правот од овесните снегулки и оревите.
  • Исцедете сок од 1 портокал и изрендајте малку од кората, додадете цимет, екстракт од ванила, а може и рум доколку сакате.
  • Блендирајте додека не добиете еднолична смеса. Добиената смеса ставете ја во проѕирна фолија или на хартија за печење и формирајте ролат.
  • Украсете го колачот со ситно сечканите ореви и додатоци по желба.
  • Оставете да се зацврсти неколку часа или преку ноќ во обичен фрижидер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *