Биковите жалат за лошите зборови, Стрелци – за изгубените сакани: Што би промениле да можете да се вратите во минатото?

Знаеме дека не можеме да го промениме минатото, но на сите ни е криво за барем едно нешто што сме го правеле во младоста или детството.

shto-bi-promenile-od-vasheto-minato-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Во тие мигови можеби сте биле убедени дека го правите вистинското нешто, но неколку години подоцна сфаќате дека сте погрешиле за многу работи. Бидејќи астрологијата има влијание врз вашиот карактер, таа може да ви помогне да откриете и што би промениле во вашето минато.

Погледнете што би променил секој хороскопски знак од неговото минато:

Овен

Се каете затоа што не сте ги бранеле вашите ставови кога сте биле помлади. Посакувате да не сте им дозволувале на сите да газат врз вас и да ве користат.

Бик

Посакувате да не сте ги кажале лошите зборови со кои сте ги повредиле саканите. Жал ви е што поради непромислено зборување сте изгубиле луѓе кои вистински ви значат.

Близнаци

Посакувате да сте поминувале повеќе време фокусирајќи се на вашите цели, отколку на луѓето кои не се грижеле за вас. Жалите што најмногу сте се фокусирале на другите луѓе, а не на себе.

bikovite-zhalat-za-loshite-zborovi-strelci-za-izgubenite-sakani-shto-bi-promenile-da-mozhete-da-se-vratite-vo-minatoto-02.jpg

Рак

Се каете што сте премолчувале кога другите ве повредувале, кога газеле врз вас. Посакувате да сте имале поголема самодоверба и да не сте им дозволувале на другите да ве користат.

Лав

Посакувате да не сте биле толку тврдоглави во младоста. Жалите затоа што тогаш не сте сфатиле дека не сте секогаш во право и дека понекогаш треба да ги послушате туѓите совети.

Девица

Жал ви е што не сте се чувствувале удобно во своја кожа, што не сте биле задоволни од вашиот изглед и вашиот карактер. Посакувате да сте научеле да се сакате себеси многу порано во животот.

Вага

Се каете бидејќи сте потрошиле толку многу време на погрешната личност. Посакувате порано да сте ги виделе предупредувачките знаци.

Скорпија

Жал ви е што сте сакале да пораснете толку брзо. Посакувате повеќе да сте уживале во слободното време без обврски кога сте имале можност за тоа.

bikovite-zhalat-za-loshite-zborovi-strelci-za-izgubenite-sakani-shto-bi-promenile-da-mozhete-da-se-vratite-vo-minatoto-03.jpg

Стрелец

Посакувате да не сте се оттргнале од некоја личност што ви значела многу. Жал ви е што предоцна сте сфатиле колку всушност ја сакате.

Јарец

Посакувате да сте минувале повеќе време во забава. Жал ви што уште од најрана возраст сте премногу сериозна личност.

bikovite-zhalat-za-loshite-zborovi-strelci-za-izgubenite-sakani-shto-bi-promenile-da-mozhete-da-se-vratite-vo-minatoto-04.jpg

Водолија

Жалите затоа што сте бил опседнати со вашиот љубовен статус. Посакувате повеќе да сте уживале во вашите сингл денови.

Риби

Се каете затоа што во младоста сте го запоставиле менталното здравје. Жал ви е што не сте обрнувале доволно внимание на себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *