Кајли Џенер ја подготви Сторми за „домашно училиште“ со Hermes ранче од 12.000 долари

Кајли Џенер уште еднаш покажа колку ја разгалува Сторми, овојпат со ранче од брендот Hermes кое чини неверојатни 12.000 долари, а малечката ќеркичка има само 2 годинки.

kajli-dzhener-ja-podgotvi-stormi-za-domashno-uchilishte-so-hermes-ranche-od-12-000-dolari-01.jpg

Благодарение на нејзината мајка, која тежи вртоглави 900 милиони долари, малата Сторми знае како изгледа луксузниот живот. Но многумина, а веројатно и вие, сметаат дека Кајли сепак претерала што ѝ купила брендиран ранец на Сторми кој чини дури 12.000 долари.

Кајли се пофали на Инстаграм со фотографија од Сторми, која позира веднаш до колекцијата луксузни автомобили, со опис:

„Прв ден домашно училиште!“

kajli-dzhener-ja-podgotvi-stormi-za-domashno-uchilishte-so-hermes-ranche-od-12-000-dolari-08.jpg

Како ранчето да не е доволно, малата Сторми носи Air Jordans патики, но и пар дијамантски обетки.

Кајли сподели и видео, на кое Сторми радосно скока помеѓу автомобилите. Накратко, на видеото се гледа и нејзиниот татко – Скот Тревис.

View this post on Instagram

first day of schooooool 🖤📝

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner) on

Уште почудно е што ова не е првата дизајнерска чанта на Сторми и таа веќе има колекција со брендови како Chanel и Louis Vuitton.

kajli-dzhener-ja-podgotvi-stormi-za-domashno-uchilishte-so-hermes-ranche-od-12-000-dolari-04.jpg

Подоцна Кајли сподели и неколку „сториња“ од активностите за време на првиот „училишен ден“. Сторми има само 2 години е премногу мала за да оди на училиште, но со нејзината братучетка Тру имале ден исполнет со забавни активности. Изгледа Кајли планира да ја прави генијалец од мала…

kajli-dzhener-ja-podgotvi-stormi-za-domashno-uchilishte-so-hermes-ranche-od-12-000-dolari-06.jpg
kajli-dzhener-ja-podgotvi-stormi-za-domashno-uchilishte-so-hermes-ranche-od-12-000-dolari-07.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *