„На овој најмрачен ден ќе тагуваме и плачеме“ – Криси Тајген со срцепарателни фотки соопшти дека го изгуби бебето

„Извини што првите моменти од животот ти беа со компликации, секогаш ќе те сакаме, Џек…“ – Криси Тајген соопшти дека после неколку дена обилно крвавење, имала спонтан абортус и објави срцепарателни фотки од моментот.

na-ovoj-najmrachen-den-kje-taguvame-krisi-tajgen-dozhivea-spontan-abortus-posle-obilno-krvavenje-01.jpg

На социјалните мрежи, 34-годишниот модел сподели неколку срцепарателни фотографии од тажниот момент, а во описот објасни зошто и како го изгубиле нивното мало момче, кое веќе почнале да го викаат Џек.

„Шокирани сме и во болка за каква што обично само слушате, болка каква што не сме почувствувале. Не можевме да го сопреме крвавењето и да му ги дадеме на бебето течностите што му се потребни, и покрај многуте трансфузии. Едноставно, не беше доволно“, почнува објавата на Криси.

Никогаш не одлучуваме за имињата на нашите бебиња до последниот можен момент откако ќе се родат, пред да ја напуштат болницата. Но ние, поради некоја причина, почнавме да го викаме ова мало момче во мојот стомак Џек. Па, за нас секогаш ќе биде Џек. Џек се трудеше напорно да биде дел од нашето мало семејство, и ќе биде, засекогаш“.

na-ovoj-najmrachen-den-kje-taguvame-krisi-tajgen-dozhivea-spontan-abortus-posle-obilno-krvavenje-02.jpg

Потоа Криси му се обраќа и на нероденото момче:

„До нашиот Џек – многу жалам што првите моменти од твојот живот беа соочени со толку многу компликации, што не можевме да ти го дадеме домот што ти е потребен за да преживееш. Секогаш ќе те сакаме“.

na-ovoj-najmrachen-den-kje-taguvame-krisi-tajgen-dozhivea-spontan-abortus-posle-obilno-krvavenje-03.jpg

Криси им се заблагодарува и на фановите кои секогаш ѝ испраќале позитивна енергија:

„Ја чувствуваме целата ваша љубов и навистина ја цениме.

Благодарни сме за животите што ги имаме, за нашите прекрасни деца Луна и Мајлс и за сите неверојатни нешта што можевме да ги искусиме. Но не може секој ден да биде сончев. На овој најмрачен ден, ќе тагуваме, ќе си ги исплачеме очите. Но ќе се прегрнеме и ќе сакаме повеќе и ќе го надминеме ова“, завршува објавата на Криси.

https://twitter.com/chrissyteigen/status/1311517048858574848?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1311517048858574848%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.crnobelo.com%2Fnovosti%2Fshou-biznis-i-trac%2F79883-na-ovoj-najmrachen-den-kje-taguvame-i-placheme-krisi-tajgen-so-srceparatelni-fotki-soopshti-deka-go-izgubi-bebeto

Претходно, Криси откри дека на почетокот од септември поминала две недели во болница, а пред некој ден повторно беше хоспитализирана поради обилно крвавење и сподели дека проблемот е нејзината слаба плацента. 34-годишниот модел откри дека е во 5-тиот месец од бременоста и уште тогаш напомена дека е свесна за ризиците.

na-ovoj-najmrachen-den-kje-taguvame-krisi-tajgen-dozhivea-spontan-abortus-posle-obilno-krvavenje-04.jpg

Криси и Џон имаат две деца, Луна и Мајлс, а двете ги добија со помош на ин-витро оплодување. Последната, трета бременост беше неочекувана, бидејќи Криси не ни верувала дека може да остане бремена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *