Небесна магија: Најдобрите астрономски фотографии за 2020-та

И оваа година се одржа најголемиот натпревар за вселенски фотографии, познат како Astronomy photographer of the Year, а победниците нема да ве остават рамнодушни со своите дела.

najdobrite-astronomski-fotografii-za-ovaa-godina-01.jpg

Фотографите од 70 држави ширум светот се натпреваруваа во неколку категории, а во септември беа објавени победниците преку онлајн церемонија. Натпреварот е поддржан од Кралската опсерваторија во Гринич, Англија, а годинава биле пријавени над 5.000 фотографии.

Главната награда изнесува 10.000 фунти, а главниот победник на натпреварот е Николас Лефаду, со неверојатна фотографија од галаксијата Андромеда.

„За повеќето нас, нашата соседна галаксија Андромеда се чини многу далечна. Да направите фотографија што ве тера да помислите дека ви е на дофат е навистина волшебно“, изјавил еден од судиите на натпреварот во врска со фотографијата на Николас.

najdobrite-astronomski-fotografii-za-ovaa-godina-11.jpg

Францускиот фотограф дури употребил и 3Д принтер за да направи држач за неговиот фотоапарат за да може да ја „улови“ галаксијата од посакуваниот агол.

Сигурно, без зборови ќе ве остават и победниците во секоја од категориите:

Аурора: Николас Роемелт од Германија

najdobrite-astronomski-fotografii-za-ovaa-godina-02.jpg

Најдобар нов учесник: Бен Тот од Унгарија

najdobrite-astronomski-fotografii-za-ovaa-godina-03.jpg

Нашата Месечина: Ален Паилу од Франција

najdobrite-astronomski-fotografii-za-ovaa-godina-04.jpg

Нашето Сонце: Александра Харт од Велика Британија

najdobrite-astronomski-fotografii-za-ovaa-godina-05.jpg

Луѓе и вселена: Рафаел Шмал од Унгарија

najdobrite-astronomski-fotografii-za-ovaa-godina-06.jpg

Планети, комети и астероиди: Лукас Сујка од Полска

najdobrite-astronomski-fotografii-za-ovaa-godina-07.jpg

Небесен пејзаж: Томас Каст од Германија

najdobrite-astronomski-fotografii-za-ovaa-godina-08.jpg

Ѕвезди и маглини: Питер Вард од Австралија

najdobrite-astronomski-fotografii-za-ovaa-godina-09.jpg

Млади фотографи: Алис Фок Хенг од Франција

najdobrite-astronomski-fotografii-za-ovaa-godina-10.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *