После колку носења и како се перат плетените џемпери, без да се развлечат?

Одржувањето на топлите, плетени џемпери си бара време и посветеност, па и по некој трик.

posle-kolku-nosenja-i-kako-se-perat-pletenite-dzemperi-bez-da-se-razvlecat-2.jpg

Правилното одржување на џемперите исто така подразбира и да не ги фрлате во плакар и да ги оставате стуткани. По секое носење треба внимателно да ги диплите и да не ги ставате на закачалка за да не се развлечат.

Топчињата кои се појавуваат по неколку носења на плетката не треба да ги отстранувате со влечење, туку со малечки ножички.

Џемперите секогаш се чуваат на свежо место. Пожелно е да ставите и некој препарат со мирис на лаванда, против молци.

Џемперите би требало да ги перете после 5-6 носења. При перењето треба да користите исклучиво средства за чувствителни ткаенини, а водата да биде речиси ладна.

posle-kolku-nosenja-i-kako-se-perat-pletenite-dzemperi-bez-da-se-razvlecat-1.jpg

Пред перење, превртете ги од внатрешната страна. Освен ако не пишува „Dry clean only,“ тогаш може да ги перете на рака или во машина. Сувото перење пак, подразбира исклучиво хемиско.

Флеките, ако ги има, секогаш се перат претходно, со блага сапуница.

По перење на ниска температура, ставете го џемперот на пешкир и благо протријте. Или, може да го замотате во ролна.

Кога ќе се исцеди, може да го ставите на метална сушара, но само хоризонтално, односно легнато. Никако не смее да виси.

Избегнувајте да ги доближувате џемперите до било какви извори на топлина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *