Човечки бубрег за трансплантација успешно е пренесен со дрон – дали ова е иднината за транспортот на органи?

Во Невада е направен успешен транспорт на органи за трансплантација со помош на дрон. Компанијата за транспорт MissionGo се здружила со Nevada Donor Network, со цел да се тестираат дроновите како превозни средства за донираните органи.

idninata-na-medicinata-organi-za-transplantacija-bile-uspeshno-transportirani-so-dron-01.jpg

Според компанијата, овој начин на доставување не само што е поефикасен, туку го намалува и загадувањето на воздухот.

idninata-na-medicinata-organi-za-transplantacija-bile-uspeshno-transportirani-so-dron-03.jpg

Моментално, неколку поголеми компании се обидуваат да ги користат дроновите за транспорт. Amazon веќе доби дозвола да прави достава со дронови, а американскиот синџир супермаркети Walmart експериментираше со достава на намирници со помош на дрон.

Дронот што бил тестиран за транспорт на органи за трансплантација направил два успешни лета, со што докажал дека е погоден за оваа работа.

idninata-na-medicinata-organi-za-transplantacija-bile-uspeshno-transportirani-so-dron-02.jpg

Во првиот лет, дронот доставувал рожници за трансплантација, на растојание од речиси три километри, кое го поминал за пет минути.

Вториот лет срушил и рекорд – најдолгиот лет на беспилотно летало за пренесување органи за трансплантација. Во вториот тест, дронот пренесувал бубрег, на растојание од 16,5 километри, а летот траел 25 минути.

idninata-na-medicinata-organi-za-transplantacija-bile-uspeshno-transportirani-so-dron-05.jpg
idninata-na-medicinata-organi-za-transplantacija-bile-uspeshno-transportirani-so-dron-04.jpg

Претходниот рекорд повторно ѝ припаѓаше на компанијата MissionGo, со транспорт на бубрег во 2019-та.

Транспортот со дронови го намалува и бројот на луѓе кои ќе го допрат органот пред тој да биде однесен на неговата дестинација. За време на тестовите била проверена оваа теорија за да се утврди какво е влијанието на летањето со дрон врз органите.

idninata-na-medicinata-organi-za-transplantacija-bile-uspeshno-transportirani-so-dron-06.jpg

Ова не е последен ваков тест и од компанијата имаат закажано уште пробни летови за 2020-та, но и за следната година.

idninata-na-medicinata-organi-za-transplantacija-bile-uspeshno-transportirani-so-dron-07.jpg
idninata-na-medicinata-organi-za-transplantacija-bile-uspeshno-transportirani-so-dron-08.jpg
idninata-na-medicinata-organi-za-transplantacija-bile-uspeshno-transportirani-so-dron-09.jpg
idninata-na-medicinata-organi-za-transplantacija-bile-uspeshno-transportirani-so-dron-10.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *