Наводно го чини 70 илјади долари годишно и веројатно се фарба сам – фризурата на Доналд Трамп (фото)

Покрај тековната претседателска кампања во САД, косата на Доналд Трамп повторно си го најде местото помеѓу вестите. Имено, New York Times пренесе дека според неговите даночни пријави, тој потрошил повеќе од 70.000 долари за да ја стилизира својата коса за време на ТВ шоуто The Apprentice.

Frizurata-na-Donald-Tramp-01.jpg

На оваа по малку смешна и бизарна тема бил консултиран еден од најскапите стилисти и фризери на славните – Тед Гибсон, чие потшишување вреди вртоглави 2400 долари.

„Мислам дека станува збор за 70 илјади долари годишно, а тоа се многу пари. Понекогаш формата на фризурата е малку поразлична, но генерално се работи за истиот облик. Се прашувам дали во овие пари се вклучени и продукти за убавина? Или спрејови за потемнување на тенот? Очигледно е дека неговите раце имаат различна боја од лицето“.

Frizurata-na-Donald-Tramp (5).jpg

„Доколку сепак потрошил 70 илјади долари во текот на 11 години додека се снимаше The Apprentice, тоа не се многу пари за една славна личност – годишно трошел по 6363 долари. Претпоставувам дека сам си ја бојадисува косата“

– вели Гибсон и се сомнева дека Меланија му помага во оваа задача.

Frizurata-na-Donald-Tramp (2).jpg

„Нема шанси. Таа не сака да ја држи ниту неговата рака, па веројатно не ја допира ниту неговата коса“.

Кога станува збор за горниот дел од косата, фризерот тврди дека станува збор за додаток, со оглед на тоа што е подолг од долниот дел и кога дува ветар целото парче се поместува.

Frizurata-na-Donald-Tramp (3).jpg
Frizurata-na-Donald-Tramp (4).jpg

Фризурата на Трамп е едно од најозборуваните нешта децении наназад. Славниот фризер не е изненаден зошто претседателот ја задржал истата фризура низ годините, иако бил изложен на многу потсмев.

„Отсекогаш било така. Мислам дека тоа е неговиот печат. После толку многу коментари на темата, зошто би ја сменил? Ако ја смени, ќе стане некој друг. И очигледно е дека си се допаѓа самиот на себе“.

Што мислите вие за фризурата на Трамп?

Frizurata-na-Donald-Tramp (1).jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *