Мајка и ќерка – најдобри пријателки засекогаш

Отсекогаш посакував да имам ќерка. Малечка „јас“ со која ќе ги споделуваме сите авантури низ животот. Најдобра пријателка засекогаш.

majka-i-kerka-najdobri-prijatelki-zasekogas-01.jpg

Но, од моментот кога се запознавме, сфатив дека ти си своја и поинаква.

Имаш прекрасна огромна личност во твоето мало тело.

Носиш „заразна“ среќа која ни го осветлува секој ден.

Храбра си, навистина, и ми помагаш и јас да се чувствувам храбра покрај тебе. Немам избор, уживам да ги совладувам сите препреки за тебе.

majka-i-kerka-najdobri-prijatelki-zasekogas01.jpg

Светот може да се обиде да ти кажува како да се однесуваш, што да мислиш или како да изгледаш, но важно е да го знаеш ова… Ќерко моја ти ќе израснеш во сосема своја личност затоа што си совршена онаква каква што си.

Да се биде твоја мајка е благослов.

Можноста да те гледам како растеш и се менуваш ме научи на толку многу работи.

majka-i-kerka-najdobri-prijatelki-zasekogas02.jpg

Едвај чекам да видам каква прекрасна жена ќе станеш.

И влијанието кое ќе го имаш врз овој свет, затоа што веќе имаш огромно влијание врз мене.

Горда сум што си моја и што имам можност да создадам прекрасна личност.

Извор / фото: depositphotos.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *