Татко танцува пред болницата каде лежи син му болен од леукемија за да го развесели

Кога вашето дете ги води најтешките животни битки, на вас останува да му бидете најголемата поддршка. Овој татко дефинитивно е вистински пример за тоа.

tatko-tancuva-sekoja-sedmica-pred-bolnica-za-da-go-razveseli-sinot-bolen-od-leukemija-01.jpg

Во болницата Cook Children’s Medical Center во Тексас лежи момче тинејџер, болно од леукемија.

14-годишниот Ајден минува низ тешка терапија и поради корона пандемијата ограничени се посетите во оваа болница. Само еден родител да може да влегува и да го посетува. Во неговиот случај тоа е мајка му Лори.

Но, неговиот татко Чак иако не смее да влегува внатре, секоја седмица доаѓа пред болницата и танцува со смешни кореографии за да го насмее својот болен син.

Ајден ужива во овие мигови гледајќи го татко си од прозорецот, а во добрите денови дури и тој танцува со него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *