Му кажале дека нема да може да оди правилно, сега работи како фитнес инструктор

Ова 24-годишно момче од Велика Британија прави да верувате дека сѐ што се сака се може.

mu-kazhale-deka-nema-da-mozhe-da-odi-pravilno-sega-raboti-kako-fitnes-instruktor-01.jpg

На Закари Џоунс му била дијагностицирана Пертесова болест, состојба која влијае на колковите и на само 8-годишна возраст му било кажано дека нема да може да оди правилно никогаш повеќе.

Тој морал да се откаже од омилениот спорт фудбал, минал две години користејќи инвалидска количка и испуштил месеци и месеци од училиште бидејќи докторите го советувале да не ја оптоварува десната нога.

mu-kazhale-deka-nema-da-mozhe-da-odi-pravilno-sega-raboti-kako-fitnes-instruktor-02.jpg

Но Закари, кој сега има 24 години, бил одлучен да ги надмине тие ограничувања.

И покрај тоа што му предизвикувало болка, тој одел, стоел и дури трчал.

mu-kazhale-deka-nema-da-mozhe-da-odi-pravilno-sega-raboti-kako-fitnes-instruktor-03.jpg
mu-kazhale-deka-nema-da-mozhe-da-odi-pravilno-sega-raboti-kako-fitnes-instruktor-04.jpg

Сега, го живее својот сон и работи како фитнес инструктор. За процесот на стигнување до местото каде што е денес вели дека бил неверојатно болен, што дури не може да ја опише болката.

„Докторите ми рекоа дека нема да можам да одам правилно поради болката и тоа ми го скрши срцето, како да ми беше одземена иднината“, но по извесен период Закари одлучил да пронајде сила и вежбал како да стои секој ден, паѓал и станувал и од инвалидска количка почнал да се движи со штаки.

mu-kazhale-deka-nema-da-mozhe-da-odi-pravilno-sega-raboti-kako-fitnes-instruktor-05.jpg

До 16-годишна возраст состојбата драстично му се подобрила и почнал да оди во теретана.

Наскоро станал страстен љубител на фитнесот и сега е инструктор по фитнес.

mu-kazhale-deka-nema-da-mozhe-da-odi-pravilno-sega-raboti-kako-fitnes-instruktor-08.jpg

Докторите сметале дека единствена опција за закрепнување на Закари е замена на колкот со вештачки, но наместо тоа тој пред 5 месеци избрал да има операција за реобликување на колкот.

mu-kazhale-deka-nema-da-mozhe-da-odi-pravilno-sega-raboti-kako-fitnes-instruktor-06.jpg

Неговата приказна ја споделува на Инстаграм за да ги инспирира другите да веруваат во своите соништа.

Фотки од Закари:

mu-kazhale-deka-nema-da-mozhe-da-odi-pravilno-sega-raboti-kako-fitnes-instruktor-11.jpg
mu-kazhale-deka-nema-da-mozhe-da-odi-pravilno-sega-raboti-kako-fitnes-instruktor-10.jpg
mu-kazhale-deka-nema-da-mozhe-da-odi-pravilno-sega-raboti-kako-fitnes-instruktor-09.jpg
mu-kazhale-deka-nema-da-mozhe-da-odi-pravilno-sega-raboti-kako-fitnes-instruktor-07.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *