Позитива на денот: Поштар, кој бил професионален фудбалер, држи часови на девојче кога минува пред нејзината куќа

Поранешен професионален фудбалер, кој сега е поштар, решил да му помогне на едно девојче да си го оствари сонот.

poshtar-koj-bil-profesionalen-fudbaler-mu-drzhi-chasovi-na-devojche-koga-minuva-pred-nejzinata-kukja-01.jpg

Според мајката на девојчето, откако ќерка ѝ открила дека поштарот бил професионален фудбалер, почнала секое утро да го прашува за совети. Тој, пак, без проблем ѝ ги давал. Но мајката воопшто не очекувала дека поштарот ќе одвои време за да ѝ покаже и некои трикови на нејзината ќерка.

Додека минувал пред нивната куќа, поштарот му рекол на девојчето да си ги земе патиките за да ѝ покаже некои трикови:

„Пред неколку недели, ќерка ми откри дека нашиот поштар бил професионален фудбалер и почна да го прашува за совети. Вчера, тој ѝ рече да си ги облече копачките и почна да ѝ покажува некои работи. Истото го направи и денес“, напишала мајката.

„Секој ден му дававме ужина пред да почне ова, но сега дефинитивно ќе му купиме нешто посебно“, додала мајката за нивниот поштар.

Покрај мајката, и корисниците на Reddit се оставени без зборови од овој гест:

„Тој сигурно сака да држи часови. Веројатно ќерка ти му го разубавува денот исто како тој што ѝ го разубавува нејзе. Ова е одлично! Се надевам дека ќе продолжи“.

„Најголемата цел во животот е да му помогнете на некој друг“.

„Ова ми ги насолзи очите. Мојот поштар не е волку добар“.

„Колку прекрасна глетка. Ова ќе биде прекрасно сеќавање за неа“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *