Стрелецот објавува тажни цитати, Близнаците глумат дека не ве знаат – Како знаците се справуваат со „корпа“?

Кога станува збор за љубовта, никому не му е лесно. Секој од знаците се справува со одбивањето на свој начин. Сепак, некои многу полесно ја преживуваат „корпата“ за разлика од другите знаци во зодијакот.

Kako-znacite-se-spravuvaat-so-korpa-01.jpg

Може ли да се препознаете како се соочувате со одбивање според хороскопскиот знак?

Овен – „Ова не успеа. Морам да се обидам повторно“. Овенот не си ги зема работите премногу при срце. Дури му одговара кога некој го одбива од прва, тоа значи дека може да научи од своите грешки и следниот пат да се однесува поинаку и подобро.

Бик – „Ништо не оди според сценариото“. На Бикот му е прилично тешко да сфати зошто работите не се одвиваат според планот замислен во неговата глава. Изнервиран е зошто потенцијалниот партнер нема поголема интуиција за да прочита дел од неговите мисли.

Близнаци – „??? Никогаш не сум те поканил на состанок, не те ни познавам. Која си ти?“ доколку Близнаците се соочат со одбивање, тие ќе се преправаат дека не ве познаваат. Во нивниот живот нема простор за вакви порази.

Рак – Им кажува на сите околу него што точно се случило до најситен детаљ. Ова ќе биде единствената тема на разговор во следните неколку недели. А можеби и месеци. Дури и по неколку години, Ракот повторно може да си спомене како таа и таа девојка го одбила.

Лав – „Јас направив сè како што треба. Не сум виновен што некој друг нема вкус“. За Лавот, вината е секогаш во другиот. Кој би одбил таков прекрасен, величествен човек како него? Лавот не се заморува премногу, веднаш преминува на барање друг партнер.

Девица – „Го очекував ова“. Девицата знае да калкулира и точно знае кој колку ја забележува. Доколку добие „корпа“ ќе признае дека го очекувала ова. Но, нема да направи никаква драма од тоа. Премногу е суетна за да дозволи да забележат колку е вознемирена.

Вага – „Сигурно сака да го/ја бркам повеќе, се прави недостапен/на“. Вагата едноставно не прифаќа пораз. За неа зборот одбивање нема место во речникот. Мора да е некаква грешка, кој би ја одбил неа? Ќе продолжи да трча по партнерот додека не го добие.

Скорпија – Се затвора себеси и своето срце во следните 10 години, додека се обидува да го преболи одбивањето. Скорпиите не се носат добро со „корпи“. Ќе го анализираат секоја детаљ, секој настан и секоја грешка. Каде работата тргна наопаку?

Стрелец – Објавува тажни цитати и песни неколку дена во континуитет. Нема шанси да не дознаете дека некој го одбил Стрелецот – тој јасно ќе го покаже тоа преку своето однесување на социјалните мрежи. По неколку денови ќе се разбуди од длабокиот сон, како да не се случило ништо.

Јарец – „Не верував дека мене ќе ми се случи ова, но ќе го закопам длабоко во себе, заедно со другите 427363 проблеми“. Како и за многу други работи во животот, и одбивањето Јарецот ќе го турне под тепихот и ќе се преправа дека не се случило.

Водолија – „Пффф. Твоја загуба. Не е дека многу ми се допаѓаше, идиоту! Заслужувам подобро од тебе!“ *го зборува ова додека одвај ги запира солзите да не потечат. Водолијата не се справува добро со одбивање. Ќе смисли мала одмазда и веројатно ќе почне да шири озборувања за оној што ја одбил.

Риби – „Ќе го запаметам овој момент засекогаш, за да сфатам дека срцето не треба да го давам на никого“. За Рибите, одбивањето е крајот на светот. Потоп. Ќе им биде потребно многу време да се вратат на нормалниот тек на работите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *