Што се случува кога сите хороскопски знаци ќе седнат во школските клупи?

Во нормални услови, досега веќе сите ученици ќе беа во школските клупи, но заради пандемијата сега повеќето учат од дома – но, како ќе изгледаше ако сите хороскопски знаци се најдеа во една училница?

shto-se-sluchuva-koga-site-horoskopski-znaci-kje-sednat-vo-shkolskite-klupi-01.jpg

Да се потсетиме што ќе се случи во првиот момент кога ќе се создадат услови и работите ќе се вратат во нормала.

Замислете дека во една училница ги има сите хороскопски знаци – што ќе прави секој од нив?

Овенот ќе биде казнет уште веднаш затоа што предизвикува тепачка, не може да истрпи секого.

Бикот уште на првиот контролен тест веднаш почнува со препишување.

Близнаците секако, зборуваат на час без престан и се однесуваат како да се на кафе, а не на час.

Ракот презема одговорност за глупостите што ги прави неговиот најдобар пријател – Скорпија.

Лавот очекувано е дрзок кон професорите и не дозволува никој да се однесува надмено со него.

Девицата си собира поени за себе, но во исто време ги исмева другите во умерена доза.

Вагата очекувано, бега од часови и собира неоправдани.

Скорпијата прави бељи скришно, гледа од страна и си се восхитува на „постигнатото“.

Стрелецот прави будала од себе и од другите и ја подига атмосферата.

Јарецот си ја гледа својата работа и не дозволува непотребно да се замери со професорите.

Водолијата се расправа со сите професори и моли за оценки.

Рибите немаат сила да се занимаваат со „глупости“ – си дремнуваат на час.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *