Qatar Airlines подарува илјадници авионски билети за наставниците ширум светот во знак на благодарност

На 5-ти октомври се одбележа Денот на наставниците, па по тој повод, од Qatar Airlines приредиле навистина интересно изненадување, токму за наставниците.

qatar-airlines-podaruva-iljadnici-avionski-bileti-za-nastavnicite-shirum-svetot-vo-znak-na-blagodarnost-01.jpg

На сајтот на авиокомпанијата соопштија дека ќе доделат дури 21.000 бесплатни авионски билети, на наставници од околу 75 држави ширум светот. Целта на овој гест e да им се заблагодарат на сите наставници што ги едуцираат децата, и покрај предизвиците што ги носи пандемијата.

„По повод Денот на наставниците, би сакале да им се заблагодариме на сите наставници за нивната напорна работа и посветеност да ги едуцираат учениците ширум светот. Вашата посветеност да ги задржите високите стандарди на образование продолжува да нè инспирира во овие несигурни времиња. За да ја покажеме нашата благодарност, нудиме билети за 21.000 наставници“, пишува на сајтот на авиокомпанијата.

Наставниците треба да се пријават на сајтот, а билетите ќе им припаднат на оние кои ќе бидат најбрзи. Понудата започна на 5-ти, а трае до 8-ми октомври.

qatar-airlines-podaruva-iljadnici-avionski-bileti-za-nastavnicite-shirum-svetot-vo-znak-na-blagodarnost-03.jpg

Понудата важи и за Македонци, но не за оние кои се вработени во Македонија. Односно, можат да се пријават наставници со македонско државјанство, но кои се вработени во некоја од државите на листата.

Наставниците можат да ги искористат билетите до 30-ти септември 2021-ва година, а треба да изберат една од 90-те понудени дестинации од компанијата.

Покрај бесплатниот билет, добитниците ќе бидат наградени и со ваучер кој им дава 50% попуст на следниот нивен лет. Ваучерот не мора да го користат тие, туку можат и да го подарат некому.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *