Реченици кои не се „утеха“ за личноста која штотуку ја изгуби работата

Преправањето дека губењето на работата е одмор или шанса некој да се привикне на домашните обврски, се чиста глупост и навреда.

recenici-koi-ne-se-uteha-za-licnosta-koja-stotuku-ja-izgubila-rabotata.jpg

Губењето на работата и отказот може да започнат низа емоционални и практични предизвици, па како пријатели, не треба да бидете дополнителен товар на лицето кое останало без работа.

Бидејќи периодот е тежок и може да се најдете во ситуација да тешите член од семејството или близок пријател во ваква ситуација, треба да знаете…

Што никако не треба да му кажете на лицето кое штотуку ја изгуби работата?

„Сега барем ќе имаш повеќе слободно време“

Преправањето дека губењето на работата е всушност само одмор е лош потег. Со тоа му го потценувате целиот труд и само му го потврдувате лошото чувство дека не вреди, не е способен и слично.

„И онака отсекогаш ја мразеше работата“

Тоа што некој се жалел од работното место, платата или колегите не е знак дека вистински сакал да си замине од таму без да има друга подобра опција. Луѓето ретко можат да си дозволат да останат без приливи само затоа што колегата или директорот ги изнервирал.

recenici-koi-ne-se-uteha-za-licnosta-koja-stotuku-ja-izgubila-rabotata-001.jpg

„Не грижи се, ќе најдеш нова работа“

Звучи како утеха и колку и да е добра намерата, сепак изгледа како да немате време и трпение да го ислушате проблемот.

„Па, времињата се тешки и сите ги укинуваат помалку важите позиции“

Нема потреба дополнително да создавате чувство дека човекот работел непотребна работа или неважна. Само ја влошувате ситуацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *