14 цитати од библијата кои ќе ви дадат надеж и сила кога ви е најпотребно

Во моментите кога се чувствувате безнадежно, кога мислите дека сте го допреле дното, доволно е да погледнете кон небото. Таму ќе ги видите ѕвездите. Ќе сфатите дека сте само мала честичка во огромниот универзум. И дека овој живот што мислиме дека е премногу долг, трае всушност помалку од секунда.

15-citati-od-biblijata-1.jpg

Па затоа не треба да се губи време. Ниту надеж, ниту верба. Во моментите кога мислите дека немате доволно сили да продолжите понатаму, прочитајте ги овие 15 цитати од библијата кои ќе ви ја вратат волјата:

Не судете, за да не бидете судени.

И така, бидете милостиви како што е милостив вашиот Отец.

Бидете радосни во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани.

Еден спрема друг бидете добри, сочувствителни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христа.

Пред сè, имајте силна љубов помеѓу себе, зашто љубовта покрива мноштво гревови.

Благословувајте ги оние што ве навредуваат!

Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо.

Барајте и ќе ви се даде, барајте и ќе најдете, чукнете и ќе ви се отвори, бидејќи секој кој сака добива, и кој бара наоѓа, и на оној што чука – ќе му се отвори.

Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да го прослават вашиот Отец небесен.

Кој не љуби, не го запознал Бога. Затоа што Бог е љубов.

И кога стоите на молитва, проштавајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови.

Како што сакате луѓето да ви прават вам, така правете им и вие на нив.

Молете се постојано!

И така остануваат овие три: вера, надеж и љубов. Но, најголема од нив е љубовта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *