Од кога и каде потекнува традицијата со вереничките прстени?

Сте се запрашале ли зошто прстените се сметаат за симбол на љубовта и зошто се неизбежни во речиси секое запросување?

od-koga-i-kade-poteknuva-tradicijata-so-verenichkite-prsteni-01.jpg

Знаеме дека кога некој сака да се ожени/омажи со својот партнер, ја бара неговата рака со прстен. Неретко, пак, луѓето ги запросуваат своите партнери со скапи дијамантски прстени. Но знаете ли зошто воопшто го правиме ова и од каде потекнува традицијата?

Во древен Египет, пред речиси 5.000 години, луѓето си разменувале прстени со кои ја искажувале нивната љубов. За разлика од денешните, нивните „веренички прстени“ биле изработени од кожа или трска. За древните Египќани, формата на прстените – круг – претставувала моќен симбол. Бидејќи кругот нема почеток и крај, тој ја симболизира вечната љубов.

od-koga-i-kade-poteknuva-tradicijata-so-verenichkite-prsteni-02.jpg

Сепак, се верува дека Римјаните се оние кои почнале да ги поврзуваат прстените со бракот и кои ја започнале традицијата.

Во древен Рим, прстенот бил како симбол што ѝ покажувал на јавноста дека некој пар е во брак. Всушност, прстенот повеќе бил како симбол за поседување отколку зa љубов – кога мажот ѝ давал прстен на жената, тој ја земал од нејзиниот татко и станувал нејзин сопственик. Според наодите, жените најчесто носеле прстени од железо, бакар или коска.

od-koga-i-kade-poteknuva-tradicijata-so-verenichkite-prsteni-03.jpg

Во Помпеја биле пронајдени и златни веренички прстени, што значи дека неретко се користел и овој метал. Истовремено, понекогаш жените имале и два прстени – еден железен за дома, и еден златен за во јавност.

od-koga-i-kade-poteknuva-tradicijata-so-verenichkite-prsteni-04.jpg

Во 860-та година, папата Никола I му дал и официјално значење на вереничкиот прстен. Според него, вереничките прстени правеле разлика помеѓу западните и источните свадбени традиции, односно помеѓу традициите на римската католичка црква и грчката православна црква. Оттогаш, мажот морал да ѝ даде прстен на жената, со кој покажува дека сака да се венча со неа. После оваа свршувачка, се правела свадбата.

od-koga-i-kade-poteknuva-tradicijata-so-verenichkite-prsteni-05.jpg

Првиот дијамантски веренички прстен, пак, се верува дека потекнува од 1477-ма година. Надвојводата Максимилијан I ја побарал раката на Марија Бургундска со прстен кој бил украсен до дијаманти.

Според една легенда, Максимилијан сосем случајно ја запросил Марија со дијамантски прстен. Нивниот брак бил договорен однапред, па двајцата допрва требало да се сретнат. Надвојводата патувал од Австрија до Бургундија за да ја сретне идната сопруга, а по пат селаните му фрлале злато и сребро. Тој, пак, ги искористил златото и среброто за да ѝ го купи прстенот на Марија.

od-koga-i-kade-poteknuva-tradicijata-so-verenichkite-prsteni-06.jpg

Овој дијамантски прстен започнал тренд, па богатите парови купувале вакви прстени, но само кога успевале да ги најдат – тој период дијамантите биле реткост во Европа и до 18-иот век ги увезувале само од Индија.

Нештата значително се промениле во 1880-та, кога во Јужна Африка биле откриени дијамантите. Тој период, Сесил Родс ја основал компанијата De Beers Mining и за помалку од една деценија, компанијата добила контрола над 90% од целото производство на дијаманти до светот. Дијамантските веренички прстени, пак, се резултат на нивна рекламна кампања.

od-koga-i-kade-poteknuva-tradicijata-so-verenichkite-prsteni-07.jpg

После Големата депресија, во јавноста излегла кампањата со слоганот „Дијамантите се вечни“, која ги убедила мажите дека мораат да потрошат цело богатство за својата сакана. Кон крајот на 1940-тите, во повеќето продавници за накит, вереничките прстени биле најпродаваното парче.

od-koga-i-kade-poteknuva-tradicijata-so-verenichkite-prsteni-08.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *