Најчестите причини за појава на масни наслаги на стомакот + како да се ослободите од нив

Ако некогаш сте се обиделе да ослабите, сигурно ви станало јасно дека најтешко е да се ослободите од мастите на стомакот и половината.

najchestite-prichini-za-pojava-na-masni-naslagi-na-stomakot-kako-da-se-oslobodite-od-niv-1.jpg

Но, кога ќе дознаете кои се причините за акумулирање на мастите во оваа област, многу полесно ќе го совладате предизвикот.

Во продолжение погледнете кои се најчестите причини за појава на масни наслаги на стомакот, но и како да се ослободите од нив:

Стресот може да биде причина

Кога сте анксиозни, телото почнува да лачи кортизол, познат и како стрес хормон. Ако често сте под стрес, овој хормон може да почне да го стимулира акумулирањето масни наслаги на стомакот. Истовремено, бидејќи кортизолот го зголемува и апетитот, постојната изложеност на стрес може да влијае и врз телесната тежина.

najchestite-prichini-za-pojava-na-masni-naslagi-na-stomakot-kako-da-se-oslobodite-od-niv-02.jpg

Некој здравствен проблем

Понекогаш, масните наслаги на стомакот можат да укажуваат на некој здравствен проблем. Не значи дека секоја личност со стомаче има проблеми со здравјето, но ако никако не можете да се ослободите од масните наслаги, најдобро консултирајте се со вашиот лекар. Некои нарушувања можат да бидат причина за ова.

najchestite-prichini-za-pojava-na-masni-naslagi-na-stomakot-kako-da-se-oslobodite-od-niv-03.jpg

Недоволно спиење

Кога на организмот му недостасува сон, неретко се зголемува апетитот и желбата за благо. Истовремено, кога сте уморни, речиси сигурно нема да се натерате да вежбате. Ако сакате да го регулирате апетитот, мора да спиете барем 7 часа секоја вечер.

najchestite-prichini-za-pojava-na-masni-naslagi-na-stomakot-kako-da-se-oslobodite-od-niv-04.jpg

Постојано седење

Ова е веќе јасно – ако консумирате повеќе калории отколку што трошите, нормално е да се јават масни наслаги на стомакот. Ако целиот ден го минувате во седење, вашето тело не троши екстра калории, па со текот на времето бројот на килограми ќе се зголеми.

Како да се ослободите од мастите на стомакот и половината?

– Во исхраната внесете храна богата со здрави масти, која е добра за метаболизмот. Јаткастите плодови, лососот и маслиновото масло се одличен извор на здрави масти.

– Вежбајте. Во борбата против килограмите, речиси ништо не е ефикасно како вежбањето. Кога ќе ја намалите целокупната тежина, ќе се намали и обемот на струкот.

najchestite-prichini-za-pojava-na-masni-naslagi-na-stomakot-kako-da-se-oslobodite-od-niv-06.jpg

– Внимавајте на држењето на телото. Ако одите подгрбавено, вашиот стомак секогаш ќе изгледа дури и поголем отколку што навистина е.

– Купувајте облека која не е многу тесна. Овој трик добар за да го прикриете стомачето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *