Совршен есенски десерт – сладок колач со тиква, путер и чоколадо, зачинет со цимет

Сезоната на тиквата пристигна. Тоа значи дека имаме можност да го употребиме најздравиот производ во многу варијанти. Една од нив е рецептот кој ви го нудиме за денес – неодоливо слатко лепче со тиква, путер и чоколадо.

Sladok-kolac-od-tikva-i-cimet-01.jpg

Додадете го мирисот на цимет и добивање дом кој мириса на пекарница и десерт кој ќе го снема за неколку минути од чинијата.

Потребни состојки:

  • 1 шолја пире од тиква
  • ½ шолја стопен путер
  • ½ шолја јаворов сируп
  • 2 големи јајца
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 1 + ½ шолји сенаменско брашно
  • 2 лажички прашок за печиво
  • ½ лажичка сода бикарбона
  • ½ лажица + 1 мала лажичка цимет во прав
  • ¼ лажичка мелено морско оревче и исто толку ѓумбир
  • ½ лажичка сол
  • ½ шолја кршено чоколадо (или чоколаден чипс)
  • ½ шолја шеќер

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 175°С. Премачкајте правоаголен калап за колачот со путер.
  • Во подлабок сад помешајте го пирето од тиква со стопениот путер, јаворовиот сируп, јајцата и екстрактот од ванила.
  • Потоа додадете го брашното, прашокот за печиво, сода бикарбона, ½ лажичка цимет, морско оревче и ѓумбир, како и солта и помешајте ја добро смесата. Додадете го и кршеното чоколадо.
  • Во друг сад помешајте го шеќерот со останатиот дел од циметот.
  • Во калапот за печење истурете половина од смесата за колачот. Наросете од шеќерот со цимет и оставете 2 лажици за крајот. Потоа истурете ја преостанатата смеса и истурете го остатокот од циметот со шеќер.
  • Печете 55-65 минути го загреана рерна и проверете со чепкалка дали средината е добро испечена.
  • Оставете го колачето да „одмори“ најмалку 30 минути пред да го послужите.
Cinnamon-Swirl-Chocolate-Chip-Pumpkin-Butter-Bread-3-630x945.jpg
Cinnamon-Swirl-Chocolate-Chip-Pumpkin-Butter-Bread-4-630x945.jpg
Cinnamon-Swirl-Chocolate-Chip-Pumpkin-Butter-Bread-5-630x945.jpg
Sladok-kolac-od-tikva-i-cimet.jpg
Cinnamon-Swirl-Chocolate-Chip-Pumpkin-Butter-Bread-6-630x945.jpg
Cinnamon-Swirl-Chocolate-Chip-Pumpkin-Butter-Bread-8-630x945.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *