Венчавка на змии, пловечки села: 18 факти за животот во мистичната Камбоџа

Јадат змии, но и тарантули, некои Камбоџанци стапуваат во брак за да заработат пари од свадбата и уште низа забавни факти за оваа азиска земја.

venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-01.jpg

Камбоџа сигурно не е првото место за одмор што ќе ви падне на ум, но љубителите на авантури можеби ја имаат на својот список со посакувани земји за посета.

Сонцето грее во текот на целата година, има превкусно тропско овошје и рајски острови со бел песок и кристална вода што личат на Малдиви.

Факти за животот во оваа мистична, мала, азиска земја:

Насекаде владее чувство на мир и хармонија.

venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-09.jpg

Азиската кујна е позната по јадењата со инсекти, па Камбоџа не е исклучок. Се јадат и пржени змии, скорпии, а егзотичен специјалитет им се пајаците тарантула.

venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-13.jpg

Жителите на оваа земја се будисти и секогаш внимаваат каде газат за да не згазат некој свој предок кој се реинкарнирал во мравка на пример.

venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-23.jpg

Организираат дури и прослави и церемонии за животните, како на пример свадбата помеѓу два питони која се одржа во близина на главниот град Пном Пен. Локалците верувале дека двете змии во претходниот живот биле луѓе кои биле во брак, па сега ги венчале со сите почести.

venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-18.jpg

На свадбите се даваат многу пари, па затоа се случува често момче и девојка да се земат за да заработат и да си ги поделат парите и потоа се разведуваат брзо за во иднина пак да направат свадба.

venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-16.jpg

Нова Година им е еден од најголемите празници и слават од 13 до 16 април кога посетуваат храмови и кажуваат благослови за да привлечат добра енергија и среќа.

venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-15.jpg

Не смеете да им давате подароци во бела боја, затоа што за нив белата е боја на тагата и жалењето и ќе мислат дека им посакувате да се разболат.

venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-19.jpg

Голем број деца одат на училиште само до второ или трето одделение, многу родители веруваат дека ако детето знае да чита, да пишува и да брои малку, тогаш му е доволно и може да им помогне во работата.

venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-17.jpg

Ако завршите високо образование веднаш влегувате во елитата, а владата секоја година на 1.500 најсреќни Камбоџанци им плаќа студирање во странство.

venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-11.jpg

Најчесто јадат седнати на земја.

venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-14.jpg

Камбоџа е земја стара 2.000 години, а најпознат локалитет им е Ангкор Ват, хиндуистички комплекс храмови.

venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-04.jpg

Постојат пловечки села со училишта, цркви на вода, а најголемото брои околу 5.000 жители.

venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-12.jpg

За Камбоџанците нормален дел од поздравот е некого да прашате дали јадел ориз денес, а универзалниот одговор е „да“, дури и да не јадел, слично како што е кај нас „Како си?“ – „Добар“.

venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-07.jpg

Главата се смета за живеалиште на душата и Камбоџанците кои ве почитуваат нема да ве допираат за глава.

venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-06.jpg

Многу ги почитуваат странците и веруваат дека секој што доаѓа во нивната земја е богат и паметен.

venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-05.jpg

Во оваа земја не треба на локалците да им ги покажувате голите стапала затоа што тие се сметаат за најнечистиот дел од телото и може да ги навредите.

venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-02.jpg

Локалниот транспорт со минјатурните такси возила тук-тук е вистинско доживување.

venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-03.jpg

Камбоџа е евтина земја, дури поевтина е од соседните Виетнам и Тајланд.

venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-10.jpg
venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-08.jpg
venchavka-na-zmii-plovechki-sela-18-fakti-za-zhivotot-vo-mistichnata-kambodja-21.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *