Кристијано Роналдо добил позитивен тест за корона вирусот

Кристијано Роналдо е позитивен на корона вирусот, но немал симптоми и сега е во изолација.

kristijano-ronaldo-dobil-pozitiven-test-za-korona-virusot-01.jpg

Португалската фудбалска федерација соопшти дека познатиот фудбалер добил позитивен тест за корона вирусот. 35-годишната фудбалска ѕвезда наводно се чувствува добро, не покажува никакви симптоми и веќе е во изолација.

Неполн ден пред тестирањето, Кристијано сподели фотографија со фудбалерите од португалскиот тим, но наводно, досега нема потврдени позитивни тестови од нив.

kristijano-ronaldo-dobil-pozitiven-test-za-korona-virusot-03.jpg

„После позитивниот случај, останатите играчи беа тестирани утрово, сите со негативен резултат“, изјавија од Федерацијата.

Поради позитивниот тест, фудбалерот ќе го испушти натпреварот против Шведска, кој треба да се одржи во среда, на 14-ти октомври.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *