Деми Ловато, Кајли Џенер – Славни личности кои ја прифатиле поканата и отишле на матурска вечер со нивните фанови

Веројатно не постoи средношколец кој не би сакал да оди на матурската вечер со неговиот најголем идол. Повеќето можат само да сонуваат за тоа, но некои матуранти навистина ја имале оваа можност.

slavni-lichnosti-koi-ja-prifatile-pokanata-i-otishle-na-maturska-vecher-so-nivnite-fanovi-01.jpg

Не е ништо ново фановите да ги канат нивните идоли на матурска вечер, но навистина е неверојатно кога славните ќе прифатат.

Погледнете кои славни им приредиле пријатно изненадување на фановите и ја прифатиле нивната покана:

Додека одела во градинка, Деми Ловато му ветила на нејзиниот пријател Нолан дека кога ќе пораснат, таа ќе му биде партнерка на матурската вечер.

Животот на пејачката тргнал во неочекувана насока – таа стана светски позната пејачка, а Нолан станал нејзин огромен фан. Но, Деми не заборавила на ветувањето и навистина отишла со него на матурската прослава во средното училиште Grapevine во Тексас.

slavni-lichnosti-koi-ja-prifatile-pokanata-i-otishle-na-maturska-vecher-so-nivnite-fanovi-02.jpg

Ванеса Хаџенс му приредила вистинско изненадување на Цезар Гереро за неговата матурска вечер.

Цезар имал рак, а неговото средно училиште се здружило со организација која им помага на болните деца.

Ванеса соработува со токму оваа организација и кога дознала дека Цезар е нејзин огромен фан, таа отишла на матурска вечер со него. Актерката останала на забавата цела ноќ.

slavni-lichnosti-koi-ja-prifatile-pokanata-i-otishle-na-maturska-vecher-so-nivnite-fanovi-03.jpg

Нарбе е еден од најголемите фанови на Клои Кардашијан, па дури има и Instagram страница посветена само на неа.

Тој ја запознал Клои во 2018-та и онлајн си размениле неколку пораки. Веројатно тогаш Нарбе ја поканил на неговата матурска и, на негово огромно изненадување, таа прифатила. Клои дури сподели и фотографии од настанот, со опис:

„Мојата прва матурска, а отидов со најдоброто момче!!! Премногу се забавуваме! Згоден е, зарем не?“

Уште една девојка од кланот Кардашијан-Џенер му исполнила слична желба на еден фан. На Алберт Очоа партнерка за матура му била Кајли Џенер.

Младата богаташка изјави дека не можела да ја одбие неговата покана, најмногу бидејќи никогаш немала можност да оди на матурска.

slavni-lichnosti-koi-ja-prifatile-pokanata-i-otishle-na-maturska-vecher-so-nivnite-fanovi-05.jpg

Никол Муксо објавила видео на YouTube со кое го покани кошаркарот Двејн Вејд на нејзината матурска:

„Здраво Двејн Вејд, јас сум Никол и се ближи мојата матурска вечер. Имам подготвено сè за совршената вечер, освен уште едно нешто – совршен партнер. Бидејќи си ми омилен кошаркар, се запрашав дали ќе сакаш да одиш на матурската вечер со мене?“

Кошаркарот не можел да ја одбие понудата, па ѝ ја исполнил желбата на Никол.

slavni-lichnosti-koi-ja-prifatile-pokanata-i-otishle-na-maturska-vecher-so-nivnite-fanovi-06.jpg

Во 1996-та Тупак ѝ бил партнер на неговата обожавателка Ташауна Хауард. Тој период немало социјални мрежи, па Ташауна била покреативна со поканата.

Таа напишала писмо до клубот на фанови на раперот, во кое му кажала колку ја сака неговата музика. На шега додала дека ако Тупак го прочита писмото, би сакала да ѝ биде партнер на матурската вечер.

На нејзиното огромно изненадување, Тупак отишол кај неа дома и прво ја прашал дали има фустан. Потоа ѝ дал пари да си купи, а на прославата ја однел со лимузина.

slavni-lichnosti-koi-ja-prifatile-pokanata-i-otishle-na-maturska-vecher-so-nivnite-fanovi-07.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *