Колку погрешно се претставени Французите во „Emily in Paris“?

Веројатно една од најпопуларните серии на Нетфликс моментално е „Emily in Paris“. Девојка од Америка заради работата се сели во Париз и го започнува животот во француската престолнина.

kolku-pogresno-se-pretstaveni-francuzite-vo-emily-in-paris-01.jpg

Бројни критики се упатени на серијата која се споменува дека би требала да биде новата замена за „Сексот и градот“, пред сè заради фактот што е дело на истиот продуцент Дарен Стар и истата стилистка Патриша Филд. Но, кога ќе ја видите чантичката со реси која Кери Бредшо ја носеше пред 20 години…

И покрај комбинацијата од мода, перфекција, актери кои глумат на ниво – сепак, продуцентот е осуден заради начинот на кој ги претставува Французите.

Која е погрешната претстава која се добива од серијата, од аспект на една Французинка:

1. За станот во кој живее Емили, велат дека е „chambre de bonne“. Ова се всушност мали студија во кои најчесто живеат студенти. Станот на Емили, апсолутно не претставува нешто вакво – голем опремен стан со прозори и опремена кујна.

kolku-pogresno-se-pretstaveni-francuzite-vo-emily-in-paris-02.jpg

Ова од прилика би било chambre de bonne.

kolku-pogresno-se-pretstaveni-francuzite-vo-emily-in-paris-03.jpg

2. Да, Париз е прекрасен, но честопати знае да преморува и да биде прилично валкан. За Емили, Париз е совршен град исполнет исклучиво со љубов и прекрасни места.

3. Нема шанси вибратор да влијае на прекин на струјата во цел округ во Париз.

kolku-pogresno-se-pretstaveni-francuzite-vo-emily-in-paris-04.jpg

4. Не е точно дека не сакаме да работиме, и доаѓаме секогаш на време на работа. Најчесто работното време е од 8.30 или 9.00 часот па сè до 19.00 часот.

kolku-pogresno-se-pretstaveni-francuzite-vo-emily-in-paris-05.jpg

5. Ако Емили сака луѓето да се љубезни кон неа, можеби би било добро да ги научи локалните обичаи и основните манири. Ако влегуваш во продавница, не мораш веднаш да се истакнуваш со „Bonjour!“ и потоа да продолжиш со прашања на англиски.

Доколку јас како Французинка отидам да работам во Америка, со сигурност нема да зборувам на француски и да ги подучувам луѓето како тоа ние правиме во Франција.

kolku-pogresno-se-pretstaveni-francuzite-vo-emily-in-paris-06.jpg

6. Не сите мажи изгледаат како да се сончале цел месец на јахта и не се баш сите малку „морбидни“ љубовници кои сакаат веднаш да ве легнат.

kolku-pogresno-se-pretstaveni-francuzite-vo-emily-in-paris-08.jpg

7. Простете, но европските градови не се изградени земајќи ги предвид туристите од Америка.

kolku-pogresno-se-pretstaveni-francuzite-vo-emily-in-paris-09.jpg

8. Не, не морате да носите беретка кога сте во Франција. Баш напротив, вака нема да изгледате како локалец.

kolku-pogresno-se-pretstaveni-francuzite-vo-emily-in-paris-09_1.jpg

9. Нормандија е само неколку часа од Париз. Зошто паѓаат во несвест како да нема веќе никогаш да го видат Габриел кога ќе се пресели?

kolku-pogresno-se-pretstaveni-francuzite-vo-emily-in-paris-10.jpg

10. Le Café de Flore не е кул веќе 40 години. Сега е само преценета туристичка замка.

kolku-pogresno-se-pretstaveni-francuzite-vo-emily-in-paris-11.jpg

11. Нема потреба да одите во ресторанот на Ралф Лорен за да јадете добар чизбургер во Париз. Совршено прекрасни бургери има и во сите француски ресторани. 

kolku-pogresno-se-pretstaveni-francuzite-vo-emily-in-paris-19.jpg

12. Никогаш во животот не сум го чула правилово дека жените не треба да го допираат шишето на масата.

kolku-pogresno-se-pretstaveni-francuzite-vo-emily-in-paris-20.jpg

13. Клишеата за сексот се навистина смешни. Наводно мажите никогаш не се изморуваат од секс и секој женет човек има љубовница која жена му ја одобрува?

kolku-pogresno-se-pretstaveni-francuzite-vo-emily-in-paris-100.jpg

14. Истото важи и за грижите на родителите. Француска мајка која е загрижена за вештините во кревет на нејзиниот 17-годишен син?

kolku-pogresno-se-pretstaveni-francuzite-vo-emily-in-paris-13.jpg

Без разлика на сите овие „пропусти“, серијата е лесна, забавна, има згодни момци и интересен хумор. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *