Која „домаќинска“ задача не ви е никаков проблем, според хороскопот?

Некои домаќински, домашни задачи никогаш нема да ги засакаме, како на пример пеглањето облека, додека други ги правиме со леснотија.

koja-domakjinska-zadaca-ne-vi-e-nikakov-problem-spored-horoskopot-1.jpg

Што влијае на тоа толку да ги сакаме или мразиме домаќинските задачи? Некои велат – хороскопот.

Па, според вашиот знак што е она што никогаш не ви е тешко да го направите?

Овен – Никогаш нема да се побуни ако треба да го фрли ѓубрето. Сака да рециклира, додека површините дома се чисти.

Бик – Домашните задачи поврзани со билките и цвеќињата, како нивно наводнување и пресадување, ги прават со леснотија.

Близнаци – Негата за нивниот пријател – автомобилот е она што со задоволство ќе си го земат како домашна задача.

Рак – Бидејќи им се исправа косата кога подот е валкан, чистењето со правосмукалка им е секојдневие и не им е воопшто тешко.

koja-domakjinska-zadaca-ne-vi-e-nikakov-problem-spored-horoskopot-3.jpg

Лав – Сакаат да ја имаат контролата во свои раце, па доброволно ќе го измијат купот насобрани садови во мијалникот.

Девица – Вечните перфекционисти секогаш ги враќаат работите на свое место и уживаат да организираат по категории, бои и облици.

Вага – Вагите сепак ќе се откажат од чистењето и ќе поживеат во хаос, а за сметка на тоа ќе дремнат 1 час во кревет, со омилената серија.

Скорпија – Сосема се согласни на тоа секој втор ден да пребришуваат прашина, со оглед на тоа што сакаат работите да светат.

Стрелец – Ентузијастички дури му пристапуваат и на чистењето на тоалетот, по што се чувствуваат супер корисно.

Јарец – Бришењето на подовите си побарува одредена дисциплина и затоа Јарците се идеални за оваа домашна задача.

Водолија – Перењето на облека е обврската која Водолиите најчесто си ја преземаат, а мирисот на омекнувач по малку ги смирува.

Риби – Обожаваат да ја покажат креативноста во кујната, па готвењето никогаш нема да го сфатат како тешка задача, туку како уживање.

koja-domakjinska-zadaca-ne-vi-e-nikakov-problem-spored-horoskopot-2.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *