Смртта на синот, битката со ракот – тажната љубовна приказна на Џон Траволта и Кели Престон

На 13-ти октомври Кели Престон требаше да го прослави 58-иот роденден, но за жал, актерката ја изгуби битката со ракот во јули оваа година.

tragichnata-ljubovna-prikazna-na-dzhon-travolta-i-keli-preston-01.jpg

Сепак, Џон Траволта не заборави да ѝ оддаде почит на својата сакана на тој ден. 66-годишниот актер сподели колаж од две фотографии – една од неговата венчавка со Кели, и една од неговите родители на нивната венчавка.

„Среќен роденден драга! Ја најдов оваа фотографија од свадбата на мама и тато. Убаво е да ја видам нашата покрај нивната. Со многу љубов, Џон“, стои во описот.

Џон и Кели се венчаа во далечната 1991-ва и ја имаа една од најстабилните врски во Холивуд – нешто што е вистинска реткост во светот на шоу-бизнисот. За жал, после две години боледување, Кели ја изгуби битката со ракот на дојката.

Но, нивната љубов продолжува да живее и овој холивудски пар ќе остане инспирација за многумина.

Во продолжение неколку детали од нивната врска и заедничкиот живот:

Актерите се запознаа на сетот на комедијата The Experts, во 1989-та година. Џон Траволта има изјавено дека тоа било љубов на прв поглед, но тој период Кели била со друг маж.

Кели беше во врска со Џорџ Клуни до 1989-та. Откако се раздели со него, таа се вери со Чарли Шин, но раскинаа во 1990-та.

tragichnata-ljubovna-prikazna-na-dzhon-travolta-i-keli-preston-02.jpg

Откако Кели останала сингл, Џон не чекал многу за да се обиде да ја освои, и успеал во тоа. Во 1991-ва, на Нова година, актерот ја побарал раката на Кели со дијамантски прстен.

Наводно, актерката толку се изненадила од запросувањето, што извикала на цел глас.

tragichnata-ljubovna-prikazna-na-dzhon-travolta-i-keli-preston-03.jpg

Кели беше во вториот месец од бременоста, кога се венчаше со Џон. Венчавката се одржа во Париз, во 1991-ва, а малку подоцна направија и уште една венчавка во Флорида.

tragichnata-ljubovna-prikazna-na-dzhon-travolta-i-keli-preston-04.jpg

Кратко по венчавката парот го доби првото дете – синот Џет. Во 2000-та, тие добија уште едно дете – ќеркичката Ела. Семејниот живот бил совршен и актерите неколкупати имаа изјавено дека и покрај натрупаните распореди, секогаш успеваат да најдат време за семејството.

tragichnata-ljubovna-prikazna-na-dzhon-travolta-i-keli-preston-05.jpg

За жал, во 2009-та нивниот живот од соништата се претвори во кошмар. За време на одмор на Бахамите, нивниот син Џет почина уште пред да го дочека 17-иот роденден.

Уште од детството, Џет имал здравствено нарушување кое често му предизвикувало напади, а имал и аутизам. Наводно, момчето било во када кога добило напад, и си ја удрило главата. Овој удар бил причина за неговата смрт. Тој период се огласи семејниот адвокатот на актерот, изјавувајќи:

„Џон никогаш не ни помислуваше на ова, тие беа многу блиски. Секогаш викаше ’Јас сум среќен кога моите деца се среќни‘. Скршено му е срцето. Да си го закопате детето е најлошото нешто што може да ви се случи“.

tragichnata-ljubovna-prikazna-na-dzhon-travolta-i-keli-preston-06.jpg

Две години по трагичниот настан Кели и Џон добија уште едно дете – синчето Бенџамин. Токму Бенџамин им помогнал на актерите и ќерка им Ела да се обидат повторно да ја пронајдат среќата:

„Раѓањето на малиот Бенџамин беше како убаво лепило што нè обедини после ужасната загуба. Тој му даде нова душа и нова цел на домот“, изјави актерот.

Кели и Џон продолжија да важат за еден од најдобрите парови ви во Холивуд и секогаш се собираа за сите важни настани.

tragichnata-ljubovna-prikazna-na-dzhon-travolta-i-keli-preston-07.jpg

Во септември 2019-та, 28 години по нивната венчавка, Џон и Кели изгледаа навистина среќно. По повод годишнината, и двајцата споделија фотографии на Instagram со слатки пораки на кои ја изјавуваат нивната љубов.

tragichnata-ljubovna-prikazna-na-dzhon-travolta-i-keli-preston-08.jpg

Но, парот не ја дочека 29-тата годишнина. На 12-ти јули 2020-та Кели му подлегна на ракот на дојката. Џон Траволта ги соопшти вестите за смртта на сопругата со срцепарателна објава на Instagram:

„Со тешко срце ве известувам дека мојата убава сопруга Кели ја изгуби 2-годишната битка со ракот на дојката. Се бореше храбро, со љубовта и поддршка на многумина. Моето семејство и јас ќе им бидеме засекогаш благодарни на лекарите и медицинските сестри кои ни помогнаа, како и на многу пријатели и сакани кои останаа покрај неа. Љубовта и животот на Кели засекогаш ќе бидат запомнети“.

tragichnata-ljubovna-prikazna-na-dzhon-travolta-i-keli-preston-09.jpg

Еден месец по смртта на Кели, Џон објави и слатко видео на кое танцува со ќерката Ела.

„Ќерка ми и јас танцуваме во сеќавање на мама“, напишал актерот во описот, додавајќи дека песната на која играат е една од омилените на Кели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *