Кога пијалакот е приоритет – Жена го остава внукот да падне за да ја „спаси“ чашата (видео)

За некого хумористично видео, за друг е потег за осудување – на Твитер вирално се шири видео од жена во години која си го остава внукот да падне во обид да ја спаси чашата со пијалак. 

koga-pijalakot-e-prioritet-zhena-go-ostava-vnukot-da-padne-za-da-ja-spasi-chashata-video-01.jpg

Кога ќе ставите на вага, на одредени години изгледа пијалакот е од поголемо значење отколку малите деца… или сепак не.

На Твитер се појави видео од жена во години која си игра со мало бебе, а британските медиуми ја претставуваат како баба на детето. Во одреден момент бебето ја фаќа чашата со пијалак, а во обид да ја спаси, жената го пушта внукот да падне.

Дел од твитерџиите го гледаат видеото како хумористично и прават шеги на нејзина сметка – „Наградата Баба на годината оди кај неа“, „Си ги знае приоритетите на свои години“. Други пак, го осудуваат овој чин.

https://twitter.com/CulturedRuffian/status/1315477139895001088?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1315477139895001088%7Ctwgr%5Eshare_3%2Ccontainerclick_1&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.crnobelo.com%2Fzivot%2Froditeli-i-deca%2F80247-koga-pijalakot-e-prioritet-zhena-go-ostava-vnukot-da-padne-za-da-ja-spasi-chashata-video

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *