Најчестите грешки што треба да ги избегнете на почетокот од љубовните врски

Без разлика колку сте заљубени со партнерот, врската секогаш бара многу работа, особено на почетокот.

najchestite-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnete-na-pochetokot-od-vrskata-01.jpg

Постојат многу грешки што ги прават речиси сите кога ќе започнат нова врска, кои подоцна можат да бидат причина за сериозни проблеми.

Затоа, погледнете кои се најчестите грешки на кои треба да внимавате:

Преголем фокус на „физичкиот“ дел од врската

Сексот е важен во секоја врска, но фокусот не треба да ви биде само таму, особено ако и двајцата сметате дека врската има потенцијал.

Важно е да наоѓате време и за други заеднички активности кои ќе ви помогнат да се запознаете подобро.

Го споредувате партнерот со бившиот

Ова е честа грешка во новите врски, особено ако неодамна сте се разделиле со бившиот. Без разлика што и како правел бившиот, немојте да го споредувате со сегашниот партнер. Секоја врска е различна и немате никаква корист од правење споредби.

Штом сте започнале нова врска, време е да заборавите на поранешниот партнер.

najchestite-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnete-na-pochetokot-od-vrskata-02.jpg

Глумите нешто што не сте

Нормално е да сакате да оставите добар впечаток кај новиот партнер, но немојте да го правите тоа со глумење.

Дозволете си да бидете свои и покажете му го вашето вистинско лице на партнерот. Ако овој партнер е вистинскиот, сигурно нема да можете да глумите целиот живот.

Ги запоставувате потребите и обврските поради новата врска

На почетокот на секоја врска партнерите сакаат да минуваат што е можно повеќе време заедно. Ова е сосем во ред, но немојте да го запоставите вашиот живот поради новата врска.

Ако, на пример, секој петок сте излегувале со некој пријател, немојте одеднаш да го промените тоа поради новиот партнер.

najchestite-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnete-na-pochetokot-od-vrskata-03.jpg

Се однесувате премногу приврзано

Ако сте премногу приврзани, па дури и „зависни“ од партнерот, голема е веројатноста да го исплашите, особено на почетокот од врската.

Потребно е време за да се изгради стабилна емоционална врска помеѓу двајца, па немојте да го брзате партнерот.

Премногу прашувате за минатото на партнерот

Ова само ќе ви создаде проблеми. Кога сте во нова врска, дозволете му на партнерот самиот да одлучи што ќе сподели со вас, а што не.

Почитувајте ја неговата приватност и немојте да „душкате“ наоколу за да дознаете сè. Ако тој сфати дека му го проверувате телефонот, ги испрашувате неговите пријатели и слично, ќе претпостави дека во вашата врска нема доверба. А, ова сигурно нема да ви биде од корист.

najchestite-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnete-na-pochetokot-od-vrskata-04.jpg

Не поставувате јасни граници

Ова е уште еден голем проблем со кој се соочуваат многу нови врски. На почетокот можеби е полесно да прифаќате сè за да избегнете конфликти, но со текот на времето ова сигурно ќе почне да ви пречи.

Без разлика за кој аспект од врската станува збор, разјаснете кои се вашите, а кои границите на партнерот.

Кажувате „бели“ лаги

Бидејќи секоја врска е заснована на доверба, лажењето никогаш не е добра опција.

Ако почнете со лаги уште на почетокот од врската, подоцна сигурно ќе настанат проблеми.

najchestite-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnete-na-pochetokot-od-vrskata-05.jpg

Не знаете да кажете „Не“

Слично како кај поставувањето граници, и во овој случај многу е полесно да се согласувате со сè. Истовремено, веројатно мислите дека на овој начин партнерот ќе има подобро мислење за вас.

Но, во врската важна е и еднаквоста, па со ова однесување партнерот ќе помисли дека само тој е одговорен за сè.

Ги игнорирате јасните предупредувачки знаци

Причини за ова има безброј – не сакате да бидете сингл, мислите дека ќе го промените партнерот, не сакате да поверувате дека тој не е вистинскиот за вас…

Нормално, не треба да замерувате за секоја грешка на партнерот, но ако предупредувачките знаци се повеќе од очигледни, немојте да ги игнорирате, бидејќи во иднина сигурно ќе настане проблем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *