Пет правила за масажа на неговите ерогени зони (18+)

Несебичното пружање задоволство е главно правило во сексот. За масажа на ерогените зони потребно ви е малку повеќе време, но уживањето е значително поголемо.

pet-pravila-za-masazha-na-erogenite-zoni-01.jpg

Секоја секунда е значајна за да се препуштите на максимално задоволство.

1. Собата нека биде пријатна, удобна и топла. Соодветно осветлување, мирисливи свеќи, убава музика.

Вашиот партнер нека легне во удобна положба на кревет или на подот. За масажа потребно ви е масло, можете да одберете бадемово.

Капнете на едната дланка, протријте ги рацете и преминете кон масажа на секој дел на телото на вашиот партнер.

2. На почетокот избегнувајте ги сексуално најчувствителните делови.

Целта е постепено да постигнете возбудување, со надразнување на ерогените зони во моментите кога расте страста.

Почнете со рамениците и грбот, потоа продолжете кон задникот и страничниот надворешен дел од нозете. Масирајте ги рацете, градите, стомакот и предниот дел од нозете.

pet-pravila-za-masazha-na-erogenite-zoni-02.jpg

3. Масажата започнете ја со благи допири.

Полека зголемувајте го притисокот. Партнерот нека ви кажува што му се допаѓа и нека ви каже што би сакал следно.

Предиграта е секогаш „позачинета“ ако вклучува и безобразен разговор.

4. Главни ерогени зони: препонскиот дел околу пенисот, пределот околку колковите и вратот.

5. Внимавајте: еротската масажа не смее да предизвика болка.

Дозволете остварување на сите фантазии!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *