Првпат после неколку децении, забележан е балкански рис во Националниот парк Галичица (фото)

На Facebook страницата на Националниот парк Галичица споделија одлични вести – после неколку децении, во паркот е забележано присуство на балканскиот рис.

prvpat-posle-nekolku-decenii-zabelezhan-e-balkanski-ris-vo-nacionalniot-park-galichica-foto-01.jpg

Со помош на фотозамките поставени во Националниот парк, биле направени неколку фотографии од балканскиот рис. Ова е прво евидентирање на овa животно во паркот после неколку децении.

„По пауза од неколку децении, повторно е евидентирано присуството на балканскиот рис во Национален парк Галичица. Една единка беше заловена од фотозамки, покрај оградата на Репродуктивниот центар за елени на НП Галичица.

Се надеваме дека оваа голема мачка ќе си го најде својот дом на оваа планина, а ние ќе продолжиме со нашите напори да го зачуваме неговото живеалиште“, стои во описот на објавата.

prvpat-posle-nekolku-decenii-zabelezhan-e-balkanski-ris-vo-nacionalniot-park-galichica-foto-02.jpg
prvpat-posle-nekolku-decenii-zabelezhan-e-balkanski-ris-vo-nacionalniot-park-galichica-foto-03.jpg

По пауза од неколку децении, повторно е евидентирано присуството на балканскиот рис во Национален парк „Галичица“. Една…

Posted by National Park Galicica on Monday, 19 October 2020

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *