Супермаркет со археолошко наоѓалиште: Oстатоци од 1000-годишна викиншка куќа среде Lidl во Даблин

Неодамна, во Даблин е отворен Lidl супермаркет, во кој купувачите можат да пазарат, но и да му се восхитуваат на викиншкото археолошко наоѓалиште.

supermarket-so-arheoloshko-naogjalishte-1000-godishna-vikinshka-gradba-srede-lidl-vo-dablin-01.jpg

На подот на супермаркетот има поставено голем стаклен панел, под кој се наоѓа дупка која е всушност археолошко наоѓалиште. Кога археолозите ги откриле остатоците, добиле дозвола да копаат, а потоа се одлучило наоѓалиштето да се вклопи во ентериерот на продавницата.

supermarket-so-arheoloshko-naogjalishte-1000-godishna-vikinshka-gradba-srede-lidl-vo-dablin-02.jpg

Според археологот Пол Дафи кој го водел ископувањето, станува збор за викиншка структура, која е уникатна за Даблин.

„Немаме најдено ништо слично во градов“.

supermarket-so-arheoloshko-naogjalishte-1000-godishna-vikinshka-gradba-srede-lidl-vo-dablin-03.jpg

Се верува дека просторот бил дел од семејна куќа на семејство Викинзи, а градбата е од 11 век.

„Ова е структура на куќа, па овде веројатно имало соседство од луѓе кои биле предци на Викинзите“, споделува археологот.

За време на ископувањето биле пронајдени и дрги интересни предмети како на пример, сад за вино кој датира од 13-ти век.

supermarket-so-arheoloshko-naogjalishte-1000-godishna-vikinshka-gradba-srede-lidl-vo-dablin-05.jpg

Покрај наоѓалиштето, во супермаркетот се наоѓаат и огласни табли со информации, од кои купувачите можат да научат нешто повеќе за историјата на Даблин.

„Ова е навистина уникатна можност за луѓето да видат повеќе од средновековниот Даблин, сето тоа додека си пазарат“, изјавува портпаролот на Lidl.

Продавницата ги отвори вратите на 15 октомври, и дефинитивно важи за една од најуникатните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *