Брачен пар во 2020-та: Џастин и Хејли Бибер си „зјапаат“ во телефон и си молчат (фото)

Новите фотки од Џастин и Хејли се можеби најдобриот приказ на модерните бракви – заедно уживаат во тишината, додека си гледаат во телефоните.

kako-dzhastin-i-hejli-biber-uzhivaat-vo-brachniot-zhivot-zad-kamerite-foto-01.jpg

Слушнавме секакви изјави за тоа колку е голема нивната љубов, видовме и секакви фотографии на кои Хејли и Џастин не можат да ги тргнат рацете еден од друг. Но, во реалноста, и тие се еден сосем обичен пар кој прави обични работи.

kako-dzhastin-i-hejli-biber-uzhivaat-vo-brachniot-zhivot-zad-kamerite-foto-05.jpg
kako-dzhastin-i-hejli-biber-uzhivaat-vo-brachniot-zhivot-zad-kamerite-foto-04.jpg

Неодамна се појави фотографија од Хејли и Џастин, на која изгледаат како сите млади парови – седат еден спроти друг, си гледаат во телефоните и во тишина уживаат во „заедничкиот“ момент.

kako-dzhastin-i-hejli-biber-uzhivaat-vo-brachniot-zhivot-zad-kamerite-foto-02.jpg

Нормално, како и секој пар, одвреме-навреме си покажуваат и по некое „меме“ или некое смешно видео.

kako-dzhastin-i-hejli-biber-uzhivaat-vo-brachniot-zhivot-zad-kamerite-foto-03.jpg

Овие фотки се навистина интересен приказ на модерните бракови. Можеби за повозрасните ова е несфатливо, но помладата генерација најчесто ужива во овие моменти.

А, дали е правилно или погрешно, проценете сами…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *