Девојка од Кина си донела 23 роднини на прв љубовен состанок – го тестирала дечкото дали е „дарежлив“

Кога девојка ќе реши на прв состанок да го тестира дечкото, па ќе остане сама со сметка од околу 2.000 евра во рака – токму така се одвива оваа случка.

devojka-od-kina-si-donela-23-rodnini-na-prv-ljuboven-sostanok-go-testirala-dechkoto-dali-e-darezhliv-01.jpgфото: depositphotos.com

Жена во Кина на првиот состанок на слепо решила да го тестира потенцијалниот партнер и да провери дали е љубезен и дарежлив.

Таа решила со неа да си донесе 23 роднини и пријатели за да провери дали тој на крај ќе ја плати сметката за сите. Веќе звучи лудо, нели?

Според кинеските медиуми, жената која останува анонимна засега, била договорена за состанок на слепо со 29-годишниот Лиу, па без да го предупреди, таа се појавила во ресторан со цело семејство и пријатели, но вечерата не завршила како што очекувала.

Наводно, состанокот бил договорен од страна на мајката на момчето, која била загрижена што нејзиниот син е сингл толку долго време.

Сепак, изгледа мајката ќе се покае за изборот на девојка…

Пред да се сретнат, Лиу се понудил да почести вечера, очекувајќи дека ќе биде за двајца.

Сепак, откако бил изненаден со ненајавени гости на маса и откако се науживале во луксузната вечера, тој се запрепастил од сметката, па ненајавено избегал од ресторанот.

Девојката за кинеските медиуми изјавила дека сакала само да го тестира дечкото и да провери дали е доволно дарежлив да плати гозба за нејзините роднини. Но, на крајот самата била изненадена кога завршила со сметка од речиси 2.000 евра која требало сама да ја плати.

Оваа случка веќе со денови кружи по кинеските медиуми и социјални мрежи, а луѓето сметаат дека таа навистина погрешила што донела толку роднини на бесплатна гозба… која на крај си ја платиле сами.

Како би изреагирале вие?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *