Емотивна средба на пар кој е во брак 60 години, по 215 дена разделеност поради короната

Тие се заедно од средно училиште и се доказ за вистинска љубов. Средбата е полна со солзи и кажување „Те сакам“…

emotivna-sredba-na-par-koj-e-vo-brak-60-godini-po-215-dena-razdelenost-poradi-koronata-01.jpg

Џозеф и Ева Лорет, кои имаат по 80 години, се во брак 60 години и 10 месеци. Но, поради короната биле разделени 215 дена.

Нивната емотивна средба по толку време целата со солзи и изјави на љубов стана вирален хит.

На Џозеф морала да му биде ампутирана ногата и да мине неколку месеци на рехабилитација во болница во Ајова, а Ева од Небраска не можела да го посети поради рестрикциите поради короната.

Тие имаат 5 деца заедно и многу внучиња. На шега велат дека престанале да бројат по 10.

Се запознале уште во средно училиште, а сега Џозеф ја изненади својата сакана со доаѓањето во домот за стари лица каде престојува таа.

Емотивната средба:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *