Кратка историја на рачните часовници: Зошто ги носиме на левата рака?

Денес речиси секој има рачен часовник. А, ако барем еднаш сте си купиле и вие, сигурно знаете за „непишаното“ правило дека рачните часовници се носат на левата рака.

zoshto-gi-nosime-na-levata-raka-kratka-istorija-na-rachnite-chasovnici01.jpg

Сте се запрашале ли од каде воопшто потекнува ова правило и која е неговата цел?

За да го дознаеме одговорот, треба да ѕирнеме и во историјата на рачните часовници:

Првите часовници

Часовниците се една од најстарите направи што ги користиме и се верува дека датираат уште од 3.500 година п.н.е.

Тој период, во древен Египет биле поставувани високи обелисци во близина на верските храмови и кралските палати.

На овој начин биле правени некои од првите „соларни“ часовници, кои го покажуваат времето со нивната сенка.

zoshto-gi-nosime-na-levata-raka-kratka-istorija-na-rachnite-chasovnici-03.jpg

Иако се верува дека првите сончеви часовници биле правени уште во Вавилон, Египќаните се оние кои ги усовршиле, притоа откривајќи ги зимската и летната рамноденица. Истовремено, тие почнале да ги делат деновите на часови.

zoshto-gi-nosime-na-levata-raka-kratka-istorija-na-rachnite-chasovnici-02.jpg

Првите преносливи часовници

Приказната на џебните часовници почнува околу 15 век, кога бил направен првиот преносен часовник.

Многу години после создавањето на првиот часовник, инженерите конечно успеале да направат часовник со доволно мал механизам, за да биде пренослив.

Сепак, првите преносливи часовници биле големи за да се носат во џеб или на зглобот, па луѓето ги носеле околу врат, како медалјон закачен на синџирче.

Големината не била единствениот проблем – неретко часовниците се поместувале и кажувале сосем погрешно време. Истовремено, тие немале никаква заштита од надворешните влијанија.

zoshto-gi-nosime-na-levata-raka-kratka-istorija-na-rachnite-chasovnici-04.jpg

Конечно, во 1675-та, почнале да се прават помали часовници кои можеле да се стават и во џеб. Се верува дека Чарлс II од Англија го прославил овој тренд низ Европа и Северна Америка. За брзо време џебните часовници почнале да привлекуваат многу внимание кај дизајнерите.

И овие модели не биле секогаш точни, но со текот на времето ги направиле попрецизни, но и поевтини.

zoshto-gi-nosime-na-levata-raka-kratka-istorija-na-rachnite-chasovnici-05.jpg

Слично како рачните часовници, луѓето најчесто ги ставале овие часовници во левиот џеб. Причината била многу едноставна – повеќето луѓе се деснораки, па кога часовникот им бил до недоминантната рака, на некој начин го заштитувале.

Покрај тоа, кога работат нешто ја користат десната рака, па со левата ќе им биде полесно да го извадат часовникот од левиот џеб или само да ја држат раката во џеб.

Рачни часовници

Интересно е што The New York Times како да го обележил моментот кога почнале да се носат рачните часовници.

Во весник издаден во 1916-та, тие напишале дека Европјаните почнале да носат белегзии на кои има часовник, па дури и го критикувале овој нов тренд. Но, рачните часовници брзо се прославиле.

zoshto-gi-nosime-na-levata-raka-kratka-istorija-na-rachnite-chasovnici-06.jpg

И Првата светска војна имала голем удел во прославувањето на рачните часовници – за војниците на бојно поле, тие биле многу попрактични и поиздржливи.

zoshto-gi-nosime-na-levata-raka-kratka-istorija-na-rachnite-chasovnici-07.jpg

Како џебните часовници, така и рачните часовници почнале да се носат на левата рака, воглавно од истите причини. Бидејќи повеќето луѓе се деснораки, ако го стават часовникот на левата рака го намалуваат ризикот да го оштетат. Но, и кога работат со десната рака, полесно им е да видат колку е часот ако часовникот им е на левата. Кај левораките луѓе би важело обратното.

Очигледно, кај ова правило нема никаква симболика – важна е практичноста, па ако вам повеќе ви одговара да го носите часовникот на десната рака, слободно правете го тоа.

Постојат и верувања дека жените би требало да го носат часовникот на десната рака, но ова се само гласини и не е познато нивното потекло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *