„Не сум женкар како Бача во Јужни ветар“: Запознајте ја девојката на Миодраг Радоњиќ (фото)

„За разлика од Бача јас сакам цврста и стабилна врска со една девојка. Со Милица планираме венчавка, подготвен сум да станам татко и би сакал да имаме многу деца“, вели романтичниот Миодраг.

ne-sum-zhenkar-kako-bacha-vo-juzhni-vetar-zapoznajte-ja-devojkata-na-miodrag-radonjikj-foto-01.jpg

Актерот Миодраг Радоњиќ (31) познат како Бача од серијата „Јужни ветар“ е миленик на женската популација, слично како и веќе легендарниот Милош Биковиќ.

Но, тој иако ја обожава својата улога, вели дека во реалноста е сосема поинаков од Бача. Првенствено не е женкар и е во среќна и долга врска со својата избраничка Милица Микиќ.

Пред некој месец таа дури на шега објави фотографија од младоженци со нивните лица ставени на Фотошоп и во описот напиша: „Жал ми е девојки, но овој лепотан е мој“ со што нагласи дека Миодраг е зафатен и дека имаат сериозни намери заедно.

ne-sum-zhenkar-kako-bacha-vo-juzhni-vetar-zapoznajte-ja-devojkata-na-miodrag-radonjikj-foto-02.jpg

За ова во еден српски медиум Миодраг изјави:

„Во приватниот живот не сум женкар како Бача. За разлика од него јас сакам цврста и стабилна врска со една девојка. Честото менување на партнерки не може да ги задоволи моите емоционални потреби. Човекот е создаден за покрај себе да има некој на кој потполно му верува и некој кој ќе му биде поддршка, но и да го критикува кога треба.

Со Милица планираме венчавка, подготвен сум да станам татко и би сакал да имаме многу деца“.

Фотки од Бача и неговата избраничка Милица:

ne-sum-zhenkar-kako-bacha-vo-juzhni-vetar-zapoznajte-ja-devojkata-na-miodrag-radonjikj-foto-06.jpg
ne-sum-zhenkar-kako-bacha-vo-juzhni-vetar-zapoznajte-ja-devojkata-na-miodrag-radonjikj-foto-05.jpg
ne-sum-zhenkar-kako-bacha-vo-juzhni-vetar-zapoznajte-ja-devojkata-na-miodrag-radonjikj-foto-04.jpg
ne-sum-zhenkar-kako-bacha-vo-juzhni-vetar-zapoznajte-ja-devojkata-na-miodrag-radonjikj-foto-03.jpg
ne-sum-zhenkar-kako-bacha-vo-juzhni-vetar-zapoznajte-ja-devojkata-na-miodrag-radonjikj-foto-12.jpg
ne-sum-zhenkar-kako-bacha-vo-juzhni-vetar-zapoznajte-ja-devojkata-na-miodrag-radonjikj-foto-11.jpg
ne-sum-zhenkar-kako-bacha-vo-juzhni-vetar-zapoznajte-ja-devojkata-na-miodrag-radonjikj-foto-10.jpg
ne-sum-zhenkar-kako-bacha-vo-juzhni-vetar-zapoznajte-ja-devojkata-na-miodrag-radonjikj-foto-09.jpg
ne-sum-zhenkar-kako-bacha-vo-juzhni-vetar-zapoznajte-ja-devojkata-na-miodrag-radonjikj-foto-08.jpg
ne-sum-zhenkar-kako-bacha-vo-juzhni-vetar-zapoznajte-ja-devojkata-na-miodrag-radonjikj-foto-07.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *