Што прави Моника Белучи за да изгледа како никогаш да не старее?

Моника Белучи го „зацементира“ својот статус како една од најубавите жени во последниве неколку децени и упорно нема конкуренција.

shto-pravi-monika-beluci-za-da-izgleda-kako-nikogas-da-ne-staree-02.jpg

Нејзината привлечност не бледнее, а сепак знае да остане скромна, таинствена и повлечена од очите на јавноста.

Сепак, не се штеди кога се во прашање советите за убавина кои ја одржуваат вечно млада и прекрасна.

Таа тврди дека секоја жена треба…

Да ја мие косата најмногу двапати неделно, а наместо маска да користи природно маслиново масло.

Да не се ограничува од разновидната храна. Подобро е да ја намалите количината, отколку да исфрлите одредени состојки.

Да се бави со јога и пливање.

Пред спиење темелно да ја исчисти кожата на лицето.

Да знае која нијанса на црвен кармин одговара со нејзиниот тен на лицето и секогаш да ја искористи неговата моќ.

shto-pravi-monika-beluci-za-da-izgleda-kako-nikogas-da-ne-staree-01.jpg

Да избегнува користење на фен, пегла или други уреди за исправување или виткање на косата.

Да вложи во квалитетна подлога за тонирање на лицето на кожата, за да не мора да нанесува многу пудра.

Да го усвои утринското туширање како дел од секојдневната рутина.

Да пие многу вода во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *